Вицепремиерот Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Батак ги доделија договорите од третата група инфраструктурни проекти – Со 22,3 милиони евра ќе се реализираат 35 инфраструктурни проекти во 32 општини и на двата аеродроми

30 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје и Охрид. На настанот присуствуваше и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и директорот на акционеското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на настанот, рече дека во третата и последна група на договори се содржани 35 инфраструктурни проекти во 32 општини, како и проект за подобрување на условите на терминалите на двата аеродроми со кои оперира ТАВ, во вкупна вредност од 22,3 милиони евра.  Тој потсети дека преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма, ќе се рализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, кои во наредниот период ќе се реализираат во целата земја.

„Како никогаш досега, во исто време, во целата земја, во сите плански региони, во скоро сите општини, ќе започнат да се реализираат 94 проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните. Тоа се реални проекти, за секојдневни, реални потреби за граѓаните. Во целата земја, ќе се спроведуваат инфраструктурни проекти, за да нашите населени места бидат подобро поврзани, за секој еден да има квалитетно и континуирано водоснабдување, ќе го зголемиме квалитетот на комуналните услуги и ќе обезбедиме повисоко ниво на заштита на животната средина, ќе се работи и на училишни згради, болници, домови на култура, младински центри, домови за стари лица, спортски сали и игралишта, партерно уредување на градските и општинските средини, уредување на речни корита, со една реченица: граѓаните ќе добијат поквалитетен живот во местата во кои живеат“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на третата група на договори, кои беа доделени на настанот, Вицепремиерот посочи дека дека најбројни се проектите од комуналната инфраструктура, вкупно 14, по што следуваат 10 проекти за улици и патишта, 7 проекти се однесуваат за водоснабдување, два проекти за реновирање на домови и еден основен проект за изградба на мост.

„Граѓаните имаат потреба од квалитетна комунална инфраструктура, тоа е предизвик кој го прифативме и кој како Влада, со сериозен пристап и ангажираност се нафативме да го надминеме. Во таа насока во оваа трета група ќе се реализира основен проект за линиска инфраструктурна градба за изградба на канализациони линии во Вевчани. Ќе започне изградба на примарна и секундарна канализација во селото Орман во Ѓорче Петров, ќе се гради фекална канализација во село Лешани со пречистителна станица во с. Грко Поле во општина Дебрца, нова фекална канализациона мрежа ќе добијат граѓаните во населбата „Јака“ во Илинден, а ќе се гради колектор за селата Жилче и Шемшово во Јегуновце. Ќе се реализира и проект за фекална канализација за дел од селото Конче во истоимената општина, нова канализациона мрежа со пречистителна станица ќе добијат жителите на село Обршани во Кривогаштани, во село Пеширово во општина Свети Николе ќе се гради фекална канализација, како и во село Уларци во општината Чешиново Облешево, додека во општините Брвеница, Врапчиште, Студеничани,  Центар Жупа и Чучер Сандево ќе се работи на комуналната инфраструктура“, ги претстави проектите од комуналната инфраструктура вицепремиерот.

Тој презентираше дека во однос на проектите кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на локални патишта и улици, граѓаните на с. Кочилари во општина Градско ќе добијат нова улица и ќе се реконструира локалниот пат во с. Отишан во близина на Дебар. Нова улица ќе има и во село Сопотница во Општина Демир Хисар, а во општина Долнени ќе се работи на градба на локалниот пат Костинци-Долгаец-Маргари. Во општина Кавадарци ќе се реконструира локалниот пат до село Дреново, а реконструкција ќе се прави  и на локалниот пат во село Конопница, во Крива Паланка. Во општина Пласница ќе се реализираат три патни инфраструктурни проекти: реконструкција на улица и краци во Лисичани, изградба и реконструкција на улицата Јурија и нејзините краци и изградба и реконструкција на 9 други улици во општината. И во Радовиш ќе се работи на патната инфраструктура, конкретно на локалниот пат Радовиш – пристап до градскиот водовод.

Битиќи се осврна и за останатите проекти кои се однесуваат на водоснабдување, реконструкција на домови, основен проект за нов мост во Битола и за проектите за подобрување на условите на аеродромите во Скопје и Охрид.

„Во оваа група има и седум проекти за водоснабдување и тоа во Василево, каде ќе се гради систем за водоснабдување за селата Дукатино и Трибичино, во Кочани ќе се врши изградба на дел од потисен цевковод до пумпна станица Грдовски орман.Во општина Лозово ќе се работи на примарната водоводна мрежа во селото Каратманово, во општина Маврово-Ростуше за водоснабдување на селото Скудриње, а во Македонски Брод за водоснабдување на викенд населбата Здуње. Основен проект за водоснабдување на манастирскиот комплекс Трескавец во Прилеп и водоснабдување на селото Дренак во општина Пробиштип се уште два проекти од овој вид. Имаме и проекти со кои ќе се влијае на подобрување на социјалното поврзување и грижата за постарите генераци. Во општина Гевгелија ќе се работи на реконструкција на домот во селото Прдејци, а во општина Ранковце со проектот е предвидена реадаптација на два објекти во клубови за пензионери. Во општина Битола започнуваме со основен проект за изградба на мост на реката Драгор, а секако треба да споменеме дека и ТАВ Македонија ќе реализира проекти со кои ќе ги подобри условите на терминалите на аеродромите во Скопје и Охрид“, соопшти вицепремиерот.

Завршувајќи го своето излагање, Битиќи потенцираше дека ваков обем на проекти, кои се за вистински потреби на граѓаните и кои се изведуваат во ист момент, досега не се случиле.

„Секој еден граѓанин и граѓанка го имаат правото за нормален и квалитетен живот и ние како Влада, сме посветени да го поправиме она, што со децении претходно не е направено. Наместо во луксуз, инвестираме во она што им е потребно на граѓаните. Со денешниот настн, успешно го комплетираме процесот на доделување на договори, следува периодот на реализација. Јас сум сигурен дека и ТАВ и сите општини, ќе вложат максимални напори сите проекти да се реализираат по предвидената динамика и ги поддржувам во таа намера“,заврши вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, потсети дека средствата од оваа програма, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, се добиени со пренамена на средствата претходно планирани за изградбата на карго-аеродромот во Штип,  а додаде дека во овој трет пакет се содржани проекти има локални патишта, водоводи, канализации и други видови градежни работи за општествено значајни проекти кои што ќе создадат поголема вредност за луѓето и за целото општество.

„Како општествено-одговорна компанија, ние силно веруваме дека бизнис-инвестициите треба да дадат бизнис-резултати, но и подобрување на животот на македонските граѓани.Среќни сме што сме овде со Владата, како наш партнер, и горди што ја исполнуваме нашата обврска како концесионер на аеродромите“, посочи генералниот директор на ТАВ Македонија Батак и додаде дека се надева позитивниот тренд на непрекинати патувања со авион да продолжи и понатаму, за да и понатаму се развиваат аеродромите во Скопје и во Охрид преку заедничката соработка со партнерите - Владата и авиокомпаниите.

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi dhe drejtori i përgjithshëm i TAV Maqedoni Batak i ndanë kontratat nga grupi i tretë i projekteve infrastrukturore - Me 22,3 milionë euro do të realizohen 35 projekte në 32 komuna dhe dy aeroporte dhe në të dy aeroportet për një jetë më të mirë të qytetarëve

 

 

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi dhe drejtori i përgjithshëm i TAV Maqedoni, Metin Batak, në një ngjarje solemne të mbajtur në Klubin e organeve të administratës shtetërore, i ndanë kontratat e grupit të tretë të projekteve për realizimin e projekteve infrastrukturore në komunat dhe në dy aeroportet në Shkup dhe Ohër. Në këtë ngjarje morën pjesë gjithashtu zëvendëskryeministri i parë i Qeverisë dhe ministri i sistemit politik dhe marrëdhënieve ndërmjet bashkësive, Artan Grubi dhe drejtori i Shoqërisë Aksionare për ndërtim dhe menaxhim të hapësirave banesore dhe afariste me rëndësi për Republikën, Kristijan Trajkovski Kristijan Trajkovski.

Duke folur në këtë ngjarje, zëvendëskryeministri Bytyqi tha se grupi i tretë dhe i fundit i kontratave përmban 35 projekte infrastrukturore në 32 komuna, si dhe një projekt për përmirësimin e kushteve të terminaleve të dy aeroporteve të operuara nga TAV, me vlerë totale prej 22,3 milionë euro. Ai kujtoi se përmes bashkëpunimit trepalësh ndërmjet Qeverisë, TAV dhe komunave, në kuadër të këtij programi, do të realizohen gjithsej 94 projekte infrastrukturore, në një vlerë përgjithshme prej 49,7 milionë euro, të cilat në periudhën e ardhshme do të realizohen në mbarë vendin.

“Si asnjëherë më parë, në të njëjtën kohë, në mbarë vendin, në të gjitha rajonet planifikuese, pothuajse në të gjitha komunat, do të fillojnë të realizohen 94 projekte që janë drejtpërdrejt të orientuara për nevojat e qytetarëve. Këto janë projekte reale, për nevojat e përditshme, reale të qytetarëve. Në mbarë vendin, projektet infrastrukturore do të zbatohen në mënyrë që vendbanimet tona të lidhen më mirë, në mënyrë që të gjithë të kenë furnizim cilësor dhe të vazhdueshëm me ujë, do të rrisim cilësinë e shërbimeve dhe do të sigurojmë një nivel më të lartë të mbrojtjes së mjedisit, do të punohet edhe në ndërtesat shkollore, spitalet, qendrat kulturore, qendrat rinore, shtëpitë e pleqve, sallat sportive dhe sheshet e lojërave, rregullimi i përdhesës së zonave urbane dhe komunale, rregullimi i shtretërve të lumenjve, me një fjali: qytetarët do të kenë një jetë më të mirë në vendet ku jetojnë”, theksoi Bytyqi.

Sa i përket grupit të tretë të projekteve që sot së bashku me drejtorin e përgjithshëm të TAV, Metin Batak do t'ua ndajmë kryetarëve të komunave, do të doja të theksoja se më të shumtët në numër janë ato nga infrastruktura komunale, 14 gjithsej, pastaj nga 10 projekte për rrugët, 7 projekte kanë të bëjnë me furnizimin me ujë, kemi dy projekte për rinovimin e shtëpive dhe një projekt bazë për ndërtimin e urës.

“Qytetarët kanë nevojë për një infrastrukturë cilësore komunale, është një sfidë që ne e kemi pranuar dhe të cilën si Qeveri, me një qasje dhe angazhim serioz, kemi marrë përsipër ta kapërcejmë.

Në atë drejtim, në këtë grup të tretë, do të realizohet një projekt bazë për ndërtimin e infrastrukturës së linjës për ndërtimin e linjave të kanalizimeve në Vevçani. Ndërtimi i kanalizimeve parësore dhe dytësore do të fillojë në fshatin Orman në Gjorçe Petrov, kanalizimet fekale do të ndërtohen në fshatin Leshani me një stacion pastrimi në fshatin Gërko Pole në komunën e Debërcës, qytetarët e vendbanimit "Jaka" në Ilinden do të kenë një rrjet të ri kanalizimesh fekale, dhe do të ndërtohet një kolektor për fshatrat Zhilçe dhe Shemshovë në Jegunovcë. Do të realizohet një projekt për kanalizimet fekale për një pjesë të fshatit Konçe në po këtë komunë, një rrjet i ri kanalizimesh me një stacion pastrimi do ta kenë banorët e fshatit Obërshani në Krivogashtani, në fshatin Peshirovo të komunës së Sveti Nikollës do të ndërtohet kanalizimi fekal i, si dhe në fshatin Ullarci në komunën e Çeshinovë-Obleshevë, ndërsa në komunat Bërvenicë, Vrapçishtë, Studeniçan, Qendra Zhupë dhe Çuçer Sandevë, do të punohet në infrastrukturën komunale”, zëvendëskryeministri i prezantoi projektet e infrastrukturës komunale.

Ai prezantoi se sa i përket projekteve që lidhen me ndërtimin dhe rehabilitimin e rrugëve lokale, qytetarët e fshatit Koçillari në komunën e Gradskos do të kenë një rrugë të re dhe do të rindërtohet në Otishan afër Dibrës rruga lokale në fshat. Do të ketë një rrugë të re në fshatin Sopotnicë të komunës së Demir Hisarit, dhe në komunën e Dollnenit do të bëhet ndërtimi i rrugës lokale Kostinci-Dolgaec-Margari. Në komunën e Kavadarit, rruga lokale për në fshatin Drenovë do të rindërtohet, dhe po ashtu do të rindërtohet rruga lokale në fshatin Konopnicë, në Kriva Pallankë. Në komunën e Pllasnicës do të realizohen tre projekte të infrastrukturës rrugore: rindërtimi i rrugës dhe krahëve në Lisiçani, ndërtimi dhe rindërtimi i rrugës Jurija dhe krahët e saj dhe ndërtimi dhe rindërtimi i 9 rrugëve të tjera në komunë. Në Radovish, do të punohet në infrastrukturën rrugore, konkretisht në rrugën lokale Radovish - qasje në ujësjellësin e qytetit.

Bytyqi gjithashtu iu referua projekteve të tjera që lidhen me furnizimin me ujë, rindërtimin e shtëpive, projektin bazë për një urë të re në Manastir dhe projektet për përmirësimin e kushteve të aeroporteve në Shkup dhe Ohër.

“Në këtë grup ka shtatë projekte të furnizimit me ujë në Vasilevë, ku do të ndërtohet një sistem furnizimi me ujë për fshatrat Dukatinë dhe Tribiçinë, në Koçani një pjesë e një tubacioni presioni do të ndërtohet në stacionin e pompimit Gërdovski Orman dhe në basenin dalës në stacionin e pompimit të sistemit të furnizimit me ujë të qytetit të Koçanit. Në komunën e Llozovës, do të punohet në rrjetin parësor të furnizimit me ujë në fshatin Karatmanovo, në komunën Mavrovë-Rostushë për furnizimin me ujë të fshatit Skudrinjë, dhe në Makedonski Brod për furnizimin me ujë të vikend vendbanimit Zdunje. Projekti bazë për furnizimin me ujë të kompleksit të manastirit Treskavec në Prilep dhe furnizimin me ujë të fshatit Drenak në komunën e Probishtipit janë dy projekte të tjera të këtij lloji. Në këtë grup projektesh ka disa që do të ndikojnë në përmirësimin e rrjeteve sociale dhe kujdesin për brezat e vjetër. Në komunën e Gjevgjelisë, do të punohet në rindërtimin e shtëpisë në fshatin Përdejci, dhe në komunën e Rankovcës, projekti parasheh përshtatjen e dy ndërtesave te klubet e pensionistëve. Në komunën e Manastirit po fillojmë me një projekt themelor për ndërtimin e një ure në lumin Dragor, dhe gjithsesi duhet të përmendim se TAV Maqedoni do të realizojë projekte që do të përmirësojnë kushtet e terminaleve në aeroportet në Shkup dhe Ohër” tha zëvendëskryeministri Bytyqi.

Duke përfunduar fjalimin e tij, Bytyqi theksoi se një vëllim i tillë i projekteve, të cilat janë për nevojat reale të qytetarëve dhe që realizohen në të njëjtën kohë, nuk kanë ndodhur deri më tani.

“Çdo qytetar ka të drejtën e një jete normale dhe cilësore dhe ne, si Qeveri, jemi të përkushtuar për të rregulluar atë që nuk është bërë dekada më parë. Në vend të luksit, ne investojmë në atë që qytetarët kanë nevojë. Me ngjarjen e sotme, ne përfundojmë me sukses procesin e dhënies së kontratave, vijon periudha e realizimit. Unë jam i sigurt se TAV, dhe të gjitha komunave, do të bëjnë përpjekje maksimale për të realizuar të gjitha projektet sipas dinamikës së planifikuar dhe unë i mbështes ata në këtë qëllim”,

përfundoi zëvendëskryeministri për çështjet ekonomike Fatmir Bytyqi.

Drejtori i Përgjithshëm i TAV Maqedoni Metin Batak, kujtoi se mjetet nga ky program, në një vlerë të përgjithshme prej 49,7 milionë euro, u morën nga ridestinimi i mjeteve parapraksiht të planifikuara për ndërtimin e aeroportit të kargos në Shtip, dhe shtoi se pakoja e tretë përmban projekte të rrugëve lokale, ujësjellësit, kanalizimeve dhe llojeve të tjera të punimeve ndërtimore për projekte të rëndësishme shoqërore që do të krijojnë vlerë më të madhe për njerëzit dhe shoqërinë në tërësi.

"Si një kompani me përgjegjësi shoqërore, ne besojmë fuqimisht se investimet në biznes duhet të japin rezultate biznesi, por gjithashtu të përmirësojnë jetën e qytetarëve maqedonas. Jemi të lumtur që jemi këtu me Qeverinë, si partneri ynë, dhe krenarë që përmbushim detyrimin tonë si konsecionar të aeroporteve”, tha drejtori i përgjithshëm i TAV Maqedoni Batak dhe shtoi se shpreson që trendi pozitiv i udhëtimeve ajrore të pandërprera të vazhdojë, në mënyrë që aeroportet në Shkup dhe Ohër të vazhdojnë të zhvillohen përmes bashkëpunimit të përbashkët me partnerët - Qeveria dhe aviokompanitë.

 

 

 

Линк до албум со фотографии

 

Линк до видео со инсерти од настанот за доделување на третата група на договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата:

Линк до видео со обраќање на ЗПВРСМ Битиќи на македонски јазик:

Линк до видео со обраќање на ЗПВРСМ Битиќи на абански јазик:

Линк до видео со обраќање на ГД на ТАВ Македонија Метин Батак:

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: