14 август 2021
Заменик претседателот на Владата за економски прашања на Северна Македонија, Фатмир Битиќи, во интервју за КосоваПрес, вели дека регионалната соработка создава поголема конкурентност за економијата на сите земји и е добра можност за посветла иднина за сите земји во окружението.
Зборувајќи за она што е познато како Балкански Минишенген, кој пред неколку дена го доби името „Отворен Балкан“, Битиќи вели дека таквата иницијатива не го минимизира Берлинскиот Процес.
Иако Косово остро се спротивставува на оваа иницијатива, Заменик претседателот на Владата на Северна Македонија вели дека таквата можност за регионална соработка не треба да се пропушти.
„Таа иницијатива (Отворен Балкан) е задоцнета, всушност мислам дека периодот на Ковид-19 само докажа дека ако сакаме да го забрзаме економското закрепнување сметам дека ден порано ќе треба да им се придружуваме на иницијативите како и да се викаат, но оставајќи ги настрана политичките аспекти, гледање само на економскиот аспект на зголемување на регионалната конкурентност, создавање на ланецот на вредност на Западен Балкан и како овој ланец ќе биде дел од вредноста на глобалните пазари. Периодот Ковид-19 создаде прозорец, а тоа е да се придобие од можноста на компаниите кои всушност сакаат да ги напуштат далечните земји како Кина, Индонезија, итн., компании кои сакаат да го доближат ланецот на снабдување поблиску до нивното производство. „И ова е прозорецот што Западен Балкан треба да го искористи во име на создавање регионална конкурентност, бидејќи ако го затвориме овој прозорец и го загубиме поради нашите каприци, мислам дека идните генерации ќе не казнат“, вели Битиќи.
Според него, оваа иницијатива значи еднаков регионален пазар за сите земји.
Тој верува дека целта на оваа иницијатива ќе биде докажана и постепено ќе и се придружат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
„Јас дури и не го нарекувам минишенген, го нарекувам економска иницијатива, и ако не се дискутира, тоа никогаш не може да се разбере. Така, јас ги разбирам загриженоста, го разбирам секој момент на двоумење, но мора да се дискутира затоа што на крајот целта на иницијативата е благородна цел, тоа е да донесеме поголема можност за нашите граѓани, нашите бизниси, нашите економии. Бидејќи го велам ова, тоа е од витално значење за најбрзо закрепнување во период пост-KОВИД, ако ja губиме таa шанса, сите ќе губиме“, рече тој.
Според него, кога земјите од регионот ќе станат дел од Европската Унија, поради ниските економии ќе бидат помалку конкурентни со глобалните економии, па додаде, време е да се конкретизира регионалната соработка.