Вицепремиерот Битиќи на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“: Во услови на пандемија, региравме брзо и донесовме соодветни одлуки и мерки за да ги зачуваме работните места и ликвидноста на компаниите и граѓаните

20 септември 2021

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на покана од Економскиот факултет на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, денес, преку видео порака, се обрати на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од Ковид-19 “. Настанот, покрај вицепремиерот Битиќи го отворија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на организациониот одбор на 11-та летна економска школа, проф д-р Игор Ивановски.

Вицепремиерот, во своето обраќање, посочи дека ситуацијата со Ковид 19, бараше брзо прилагодување и носење на одлуки кои ќе одговорат на предизвиците од пандемијата, која го погоди целиот свет.

„Владата на Република Северна Македонија имаше навремена реакција за да ефикасно одговори на ситуацијата. Успеваме во нашите намери, успеавме ДА направиме разлика. Целата ситуација беше нова за сите бас, бараше да размислуваме за нови начини, нови политики, да правиме дополнителни напори и да дефинираме нови приоритети за да го пронајдеме вистинскиот начин на кој ќе се справувавме со сите прашања, помеѓу кои беа и прашањата поврзани со економскиот живот. Секако дека првиот приоритет беа здравствените мерки. Успеавме да обезбедиме нашиот здравствен систем да ги добие потребните средства за справување со оваа криза. Ги алоциравме средствата од буџетот на таа цел и ги обезбедивме потребните средства, за да приоритетно го заштитиме здравјето на граѓаните“, посочи вицепремиерот во почетниот дел од своето обраќање.

Битиќи укажа дека со дефинирањето на приоритетните мерки кои се насочени кон здравствената заштита на граѓаните, Владата паралелно работеше и на креирање на економски мерки, со оглед на тоа дека беше сосема јасно дека економијата ќе биде погодена со воведување на ограничувачките мерки во нашата, но и сите други земји во светот.

„Знам дека ќе имате многу прашања и многу идеи како да ги направите работите подобро. И со нетрпение очекувам да видам како академијата ги анализира мерките и да предложи како можевме подобро. Во моментот кога требаше да се донесат овие одлуки, имавме едно ограничено искуство од финансиската криза пред 10 години што ни остана во главите: со тоа што ќе ги задржиме луѓето вработени во нивните компании, кризата може да се заврши побрзо, бидејќи кога ќе пристигнат нови нарачки , компаниите не мораа да вработуваат нови луѓе и да ги обучуваат. Ова искуство, ефикасноста на шемите за одмор, веднаш се примени низ цела Европа. Но, покрај тоа, со генерации немаше искуство со економските влијанија на ограничувачки мерки, кои се воведуваат за време на големите здравствени кризи, а особено не во денешните индустриски услови и во економска ситуација која беше доста добра и стабилна во периодот пред да се појави вирусот“, продолжи Битиќи.

Економските мерки беа воведени да направат разлика,  еден од главните економските приоритети за сите граѓани и бизниси и на почетокот на кризата и во целото времетрење е да се одржи ликвидноста на компаниите и на граѓаните.

„Заедно со Народната банка на Република Северна Македонија донесовме мерка, со која дозволивме одложување на ратите на кредитите, како и одложено плаќање на даноците. Во бројки – беа одложени вкупен износ од 2,4 милијарди евра од банкарски заеми на граѓаните и компаниите, околу 4,5 милиони евра за данокот на добивка и 160.000 евра за плаќање кирија за социјални станови. Интеревениравме брзо и спречивме отпуштања на граѓаните со мерки во вредност од 140 милиони евра, а за оние кои, за жал ги изгубија своите работни места, наменивме дополнителни 1 милион евра преку системот за социјална заштита. Пандемијата влијаеше посилно на одредени гранки и поради самата нејзина природа одредени дејности навистина останаа без работа: музичарите, туристички водичи, компаниите од угостителската дејност, градинките, фитнес центрите, туристичките агенции, хотелите, организаторите на настани, фото студијата и некои други дејности, за кои наменивме најсилна поддршка со економските мерки“, потенцираше Битиќи и додаде дека мерките направија позитивна разлика да се задржат работните места, да се одржи ликвидноста на компаниите и да се одржат во функција оние компании кои поради природата на пандемијата беа спречени да ги остваруваат функциите за кои се основани.

Резултатот од спроведените 6 пакета мерки е очигледен и тоа може да се забележи преку анализата на основните макроекономски индикатори, рече вицепермиерот.

„Бројките за активности на пазарот на трудот се прилочно стабилни, процентот на невработеност е стабилен. Имавме уште една историски ниска стапка на крајот на вториот квартал со 15,9% невработеност, проследено со постојан раст на стапката на вработеност, која изнесува 47,3% на крајот на вториот квартал од 2021 година. Нашите компании добро се опоравуваат, па дури и покажуваат тенденција на раст, пришто извоз од Република Северна Македонија е дури и поголем во досегашниот дел од 2021 година споредено со истиот период во 2019 година. Во вториот квартал од 2021 година бележиме голем раст на бруто домашниот производ од 13,1%. Сето ова е позитивно, но ние сакавме да гледаме и подалеку, да направиме разлика и во пост-кризниот период и паралелно со мерките за намалување на ефектите од кризата, креиравме и мерки кои ќе направат поголем раст и побрз развој на домашната економија на среден рок“, нагласи Битиќи и додаде дека за тоа е креиран Интервентниот план за инвестиции.

„Со Интервентниот план за инвестиции, кој е среднорочен инвестициски план за следните 7 години, со вкупен планиран износ од 8,2 милијарди евра, инвестициите во Северна Македонија ќе бидат повеќе од 3,14 милијарди евра во обновлива зелена енергија, 2,74 милијарди ЕУР во инфраструктура, 800 милиони евра во производство итн. Во исто време, гледаме дека се случуваат големи промени во глобалниот синџир на вредности. Имаме примери дека се јавуваат проблеми со снабдување со стандардните производи, за кои никогаш, пред оваа криза не би ни помислиле дека би можеле да бидат проблем, како на пример снабдувањето со полупроводниците. Малите земји, како  нашата и воопшто производствените индустрии се повеќе загрижени, замислете една голема фабрика во Северна Македонија дека треба да го намали производството затоа што едно парче чип е заглавено во некое од кинеските пристаништа. Со доближување на производствените капацитети за полупроизводите, до крајните компании кои го испорачуваат готовиот роизвод, би можеле да направиме разлика. Тоа е сериозна шанса за земјите од Западен Балкан и поширокиот регион. Затоа, нашата иднина е во стабилен и конкурентен регион. Регион кој ќе работи кон креирање на заеднички, регионален раст наместо создавање меѓусебна конкуренција“, заврши во своето видео обраќање пред учесниците на „Меѓународната економска летна школа“, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi në hapjen solemne të “Shkollës Verore Ekonomike Ndërkombëtare”:  Në kushte pandemie, reaguam shpejt dhe morëm vendimet dhe masat e duhura për të ruajtur vendet e punës dhe likuiditetin e kompanive dhe qytetarëve

 

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështjet ekonomike, Fatmir Bytyqi, me ftesë të Fakultetit Ekonomik të Universitetit “Shën Qirili dhe Metodi”, sot, përmes një video mesazhi, mbajti një fjalim me rastin e hapjes solemne të “Shkollës Verore Ekonomike Ndërkombëtare” - - “Bëje dallimin: Mësoni si të vlerësoni ndikimin ekonomik të pandemisë Covid-19”. Këtë event, përveç zëvendëskryeministrit Bytyqi e hapën edhe rektori i Universitetit “Shën Qirili dhe Metodi”, prof. dr. Nikola Jankulovski, dekan i Fakultetit Ekonomik, prof. dr. Predrag Tërpeski dhe kryetari i Komitetit Organizativ të Shkollës së 11 -të Verore Ekonomike, prof. dr. Igor Ivanovski.

Zëvendëskryeministri, në fjalimin e tij, vuri në dukje se situata me Covid 19 kërkonte përshtatje dhe vendimmarrje të shpejtë që do t’i përgjigjej sfidave të pandemisë, që preku të gjithë botën.

“Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut pati një reagim në kohë për t’iu përgjigjur në mënyrë efektive situatës. Kemi sukses në synimet tona, kemi arritur TË bëjmë dallimin. E gjithë situata ishte e re për të gjithë ne, kërkohej të mendonim për mënyra të reja, politika të reja, të bënim përpjekje shtesë dhe të përcaktonim përparësitë e reja në mënyrë që të gjejmë mënyrën e duhur për t’u marrë me të gjitha çështjet, përfshirë çështjet që lidhen me jetën ekonomike. Sigurisht, prioritet kishin masat shëndetësore. Arritëm të sigurojmë që sistemi ynë shëndetësor të marrë fondet e nevojshme për t’u ballafaquar me këtë krizë. “Ne kemi ndarë fonde nga buxheti për atë qëllim dhe kemi siguruar fondet e nevojshme për të mbrojtur shëndetin e qytetarëve si prioritet”, tha zëvendëskryeministri në fillim të fjalimit të tij.

Bytyqi vuri në dukje se duke përcaktuar masat prioritare që synojnë kujdesin shëndetësor të qytetarëve, Qeveria punoi paralelisht në hartimin e masave ekonomike, duke qenë se ishte mjaft e qartë se ekonomia do të ndikohej nga futja e masave kufizuese në tonat, por edhe në të gjitha vende të tjera në botë.

“E di që do të keni shumë pyetje dhe shumë ide se si t’i bëni gjërat më mirë. Dhe mezi pres të shoh se si akademia analizon masat dhe sugjeron se si mund të bëjmë më mirë. Në kohën kur do të merreshin këto vendime, ne kishim një përvojë të kufizuar nga kriza financiare 10 vjet më parë që kishim në mendjet tona: duke i mbajtur njerëzit të punësuar në kompanitë e tyre, kriza mund të përfundojë më shpejt, sepse kur të arrijnë porositë e reja, kompanitë nuk kishin pse të punësonin njerëz të rinj dhe t’i trajnonin ata. Kjo përvojë, efikasiteti i skemave të pushimeve, u aplikua menjëherë në të gjithë Evropën. Por përveç kësaj, breza të tërë nuk kishin përvojë me ndikimin ekonomik të masave kufizuese, të cilat futen gjatë krizave të mëdha shëndetësore, dhe veçanërisht jo në kushtet e sotme industriale dhe në një situatë ekonomike që ishte mjaft e mirë dhe e qëndrueshme në periudhën para paraqitjes së virusit. “, vazhdoi Bytyqi.

Masat ekonomike u aplikuan për të bërë një dallim, një nga prioritetet kryesore ekonomike për të gjithë qytetarët dhe bizneset si në fillim të krizës ashtu edhe gjatë gjithë kohëzgjatjes është ruajtja e likuiditetit të kompanive dhe qytetarëve.

“Së bashku me Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ne miratuam një masë, e cila lejoi shtyrjen e kësteve të huasë, si dhe pagesën e shtyrë të taksave. Shikuar përmes shifrave - një total prej 2,4 miliardë eurosh në huatë bankare për qytetarët dhe kompanitë u shtynë, rreth 4,5 milionë euro në tatimin mbi të ardhurat dhe 160.000 euro në qiranë e banesave sociale. Ne ndërhymë shpejt dhe parandaluam lëshimin nga puna e qytetarëve me masa në vlerë prej 140 milionë euro, dhe për ata që, për fat të keq, humbën punën, u ndanë 1 milionë euro shtesë përmes sistemit të mbrojtjes sociale. Pandemia preku më shumë disa degë dhe për shkak të natyrës së saj aktivitete të caktuara humbën vërtet punën e tyre: muzikantë, guidat turistike, kompani hotelierike, kopshte, qendra të fitnesit, agjenci turistike, hotele, organizatorë ngjarjesh, studio fotografish dhe disa aktivitete të tjera, për të cilët dedikuam mbështetjen më të fortë me masa ekonomike”, tha Bytyqi, duke shtuar se masat bënë një ndryshim pozitiv për të ruajtur vendet e punës, për të mbajtur likuiditetin e kompanive si dhe për t’i mbajtur ato kompani që për shkak të natyrës së pandemisë u penguan të kryejnë funksionet e tyre për të cilat janë themeluar.

Rezultati i 6 pakove të masave të zbatuara është i dukshëm dhe mund të vërehet përmes analizës së treguesve bazë makroekonomikë, tha zëvendëskryeministri.

“Shifrat për aktivitetet e tregut të punës janë mjaft të qëndrueshme, shkalla e papunësisë është e qëndrueshme. Kishim një normë tjetër historikisht të ulët në fund të tremujorit të dytë me 15,9% papunësi, e ndjekur nga një rritje e qëndrueshme e shkallës së punësimit, e cila është 47,3% në fund të tremujorit të dytë të vitit 2021. Kompanitë tona po këndellen mirë dhe madje po tregojnë një tendencë rritjeje, me eksportet nga Republika e Maqedonisë së Veriut që janë edhe më të larta në pjesën e deritanishme të vitit 2021 në krahasim me të njëjtën periudhë në vitin 2019. Në tremujorin e dytë të vitit 2021, shënojmë një rritje të madhe të prodhimit të brendshëm bruto prej 13,1%. E gjithë kjo është pozitive, por ne donim të shikonim përtej, për të bërë një ndryshim në periudhën pas krizës dhe paralelisht me masat për të zvogëluar efektet e krizës, ne hartuam masa që do të bëjnë rritje më të madhe dhe zhvillim më të shpejtë të ekonomisë së vendit në një periudhë afatmesme”, theksoi Bytyqi dhe shtoi se Plani Ndërhyrës për Investime është krijuar për këtë.

“Me Plani Ndërhyrës për Investime, i cili është një plan investimi afatmesëm për 7 vitet e ardhshme, me një shumë totale të planifikuar prej 8,2 miliardë euro, investimet në Maqedoninë e Veriut do të jenë më shumë se 3,14 miliardë euro në energji të rinovueshme të gjelbër, 2,74 miliardë euro në infrastrukturë, 800 milionë euro në prodhim, etj. Në të njëjtën kohë, ne po shohim ndryshime të mëdha në zinxhirin global të vlerave. Kemi shembuj të problemeve me furnizimin e produkteve standarde, të cilat, para kësaj krize, kurrë nuk do të kishim menduar se mund të ishin një problem, siç është furnizimi me gjysmëpërçues. Vendet e vogla, si tonat dhe industritë prodhuese në përgjithësi, janë më të brengosura, imagjinoni një fabrikë të madhe në Maqedoninë e Veriut që duhet të zvogëlojë prodhimin, sepse një copë çipi ka ngecur në një nga portet kineze. Duke afruar objektet e prodhimit për produktet gjysmë të gatshëm më pranë kompanive përfundimtare që dorëzojnë produktin e përfunduar, ne mund të bëjmë një ndryshim. Është një mundësi serioze për vendet e Ballkanit Perëndimor dhe rajonin më të gjerë. Prandaj, e ardhmja jonë është në një rajon të qëndrueshëm dhe konkurrues. Një rajon që do të punojë drejt krijimit të rritjes së përbashkët, rritje rajonale në vend që të krijimit të konkurrencës reciproke”, përfundoi në fjalimin e tij përmes videos para pjesëmarrësve të “Shkollës Verore Ekonomike Ndërkombëtare”,  zëvendëskryeministri për çështjet ekonomike, Fatmir Bytyqi.

 

 

Линк до видео од обраќањето на вицепремиерот Битиќи на свеченото отворање на „11-та Меѓународната економска летна школа“:

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: