Вицепремиерот Битиќи на презентација на “Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа на OECD“ – Подобрена конкурентноста во Република Северна Македонија, напредок во 8 од вкупно 15 области

24 септември 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес, преку видео конференциска врска, присуствуваше и се обрати на настанот за презентација на периодичното издание на „OECD Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа 2021“ (OECD South East Europe Competitiveness Outlook 2021) во организација на  Организацијата за економска соработка и развој (OECD – Organization for economic cooperation and development). На отворањето на настанот свое обраќање имаа и Карим Даху, задолжен за глобални прашања во OECD и Фрек Јанмат, раководител на одделот за операции во Делегацијата на Европската Унија во нашата земја.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека во ова, трето по ред издание на „OECD Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа 2021“,  согласно податоците од анализата која се спроведуваше во периодот од 2019-2020 година,  од вкупно 15 области, Република Северна Македонија бележи напредок во 8 од областите, во споредба со прегледот издаден во 2018 година.

„Ова значи дека економските политики се во добра кондиција и истите креираат поголема конкурентност за Република Северна Македонија. Сепак, освен индивидуално подобрената конкурентност на земјите, потребно е да се фокусираме и на зголемување на регионалната конкурентност и креирање на поголеми стапки на економски раст на регионот, наместо да се создава меѓусебна конкуренција. Осумте области во кои нашата држава има резултати над просекот во регионот се: трговската и даночната политика, како и нашата политика за вработување, политиките за енергетика и земјоделство, политиките за зачувување на животната средина, потоа антикорупциските политики и оние за иновации и технологија“, започна во своето обраќање вицепремиерот.

Република Северна Македонија е рангирана на првото место во регионот во три области: трговска политика (поткатегорија е-трговија), енергетска политика и политики за вработување, додека во вкупно 10 области е над или на ниво на другите земји опфатени со прегледот, рече Битиќи.

„Трговските политики се развиени на високо ниво, што се должи на континуирано имплементирање на обврските од договорот за CEFTA, либерализацијата на пазарот на услуги, како и преземање на конкретни чекори во либерализацијата и олеснувањето на процедурите за регистрирање, престој и вработување на странски државјани. Во една од поткатегориите од оваа област, е-трговија, имаме исклучително добри резултати и сме први во регионот, особено како резултат на континуираното имплементирање на препораките на ЕУ кои го регулираат овој сегмент од економијата. Не е изненадување, но секако дека нашата енергетска политика се издвојува во регионот на земјите од Западен Балкан, каде имаме огромно подобрување, па од оцена 2,0 во претходното рангирање сега имаме оцена 3,7. Ова за нас секако не значи дека сме направиле се што треба, напротив, ние како Влада сме потполно свесни и целосно сме посветени на имплементација и транспонирање на директивите од т.н. трет енергетски пакет на Секретаријатот на Енергетската Заедница. Политиките за вработување, особено во поддршка на вработување на младите, исто така даваат резултати. „Младинската гаранција“ е една од најдобрите и најуспешните мерки, кои се препознаени и од овој извештај, и поради која имаме историски најниска стапка на невработеност во категоријата од 15-29 години“, продолжи со своето излагање вицепремиерот.

Битиќи информираше дека во однос на даночната политика, Северна Македонија е над просекот на земјите од Западен Балкан, како резултат на реформите со кои се спроведе електронски систем за редовно известување за сите трошоци од централниот буџет и истовремено имплементираниот систем за предвидливост на буџетските приходи. Во делот кој се однесува на даночната администрација нашата земја исто така е оценета над просекот на земјите од Западен Балкан, особено поради добрата поставеност на Управата за јавни приходи и нејзиното менаџирање како клучна институција која функционира како едно унифицирано тело одговорно за администрирање и наплата на јавните давачки.

„Кај две димензии од извештајот, нашиот перформанс е на ниво на просекот на регионот од Западен Балкан, тоа се инвестициски политики и промоција, и дигитализацијата, но ако го земеме предвид времето кога овој извештај е креиран, а тоа е 2019 и 2020 година, од тогаш во нашата земја направени се неколку важни чекори со кои оценките во овие категории, доколку би се правеле денес, ќе бидат далеку подобри. Имено, од доаѓањето на власт на оваа гарнитура беше стопирана праксата на привлекување странски директни инвестиции со плаќање скапи промоции, ангажирање на скапи промотори на државна сметка и организација на разни роуд шоуа, за кои во периодот од 2013 до 2016 беа потрошени 225 милиони евра, а резултираа со СДИ во износ од 1 милијарда евра, додека во периодот од 2017 до 2020 кога беа потрошени 0 евра за вакви несуштински промотивни активности, имаме повисоко ниво на СДИ во износ од 1.4 милијарди евра. Од август 2020 година, Владата презема чекори за целокупното портфолио за поддршка на инвестиции вклучувајќи ги Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошко-инудстриски развојни зони, да се стави под еден чадор, со што мојот кабинет ќе функционира како one-stop-shop за сите потенцијални инвеститори“, потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека Владата има многу сериозен аналитички пристап кон извештаите од овој вид и сите предизвици кои се наведени во Прегледот се разгледуваат детално и веќе активно работи на тоа истите да бидат надминати во најбрз можен рок.

„Активно работиме да ги подобриме нашите перформанси во неколку  димензии, како што е пристапот до финансии, во образованието, туризмот и секторот транспорт. Во последната година, свесни за состојбата во овие сектори, направени се големи системски промени за подобрување на целокупното бизнис опкружување. Кај пристапот до финансии веќе е во функција државниот гарантен фонд, со кој државата презема дел од колатералот за кредити и царински гаранции на компаниите, во образованието, имаме огромен напредок во воведувањето на дуалното образование, каде во оваа учебна година, нашите деца во преку 240 паралелки кои се дел од овој систем имаат прилика покрај редовното образование, да се стекнуваат со вештини и знаења од практичниот дел на работата на компаниите кои се дел од оваа програма, додека во секторот  транспорт инвестираме рекордни суми во изградба и рехабилитација на автопатишта, и интензивно работиме на изградба и осовременување на железничкиот сообраќај“, подвлече вицепремиерот Битиќи за време на презентацијата на на „OECD Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа 2021“.

Карим Даху, кој е задолжен за глобални прашања во OECD, посочи дека оваа темелна анализа беше подготвена од регионалната Програма за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој, која повеќе од 20 години, ги поддржува економиите во регионот за креирање и имплементација на реформи за поттикнување на растот, инвестициите и вработувањата.

„Периодичниот преглед за конкурентност нуди една од најсеопфатните проценки на политичките реформи на Западен Балкан. Базирајќи се на мултидисциплинарната анализа на OECD, овој преглед опфаќа 15 клучни политики и им овозможува на владите на земјите од Западен Балкан директно да ги споредуваат нивните перформанси на економиите и да направат споредби со политиките на земјите членки на OECD и земјите членки на ЕУ. Исто така, им овозможува да ги следат перформансите на политиките во одредени периоди, споредувајќи ги резултатите со оние во претходните изданија, објавени во 2016 и 2018 година. Оваа година, традиционалната регионална проценка беше надополнета со шест индивидуални профили на економијата“, посочи Даху.

Тој додаде дека претседателите на држави и влади на самитот во Берлинскиот процес одржан летово, се согласија дека препораките кои ги дава Прегледот за конкурентност на OECD, може да послужат како насоки и инспирација за спроведување амбициозна, инклузивна и одржлива реформа и агенда на Западен Балкан и дека самиот преглед обезбедува неопходна и корисна база на податоци за заздравувањето на регионот по Ковид-19.

„Дозволете ми да ги истакнам трите области каде што Северна Македонија ги покажа најсилните перформанси споредено со последниот извештај кој беше објавен во 2018 година. Прво е даночна политика, каде Северна Македонија ги усогласи даночните системи со неодамнешните меѓународни даночни трендови. Се приклучи на Инклузивната рамка на OECD/G20 за oсновна ерозија и споделување профит (BEPS) и ја потпиша Мултилатералната конвенција за спроведување мерки поврзани со даночниот договор за спречување на BEPS. Северна Македонија исто така ја потпиша Конвенцијата за взаемна административна помош во даночни прашања, ги зајакна капацитетите за предвидување данок и ги прошири своите модели за симулација. Следува  антикорупциска политика, односно зајакнување на борбата против корупцијата. Во овој дел Северна Македонија ја зајакна Државната комисија за спречување корупција. Со Законот за спречување корупција и судир на интереси донесен во 2019 година ги прошири надлежностите на Комисијата. Покрај тоа, нејзиниот годишен буџет е двојно зголемен. Трето е политика за вработување. Северна Македонија постигна напредок во зголемувањето на уделот на младите луѓе на пазарот на трудот. Нејзината пилот шема за „Гаранција за млади“ за 2018 година придонесе за силен пад на стапката на невработеност кај младите, од 45% во 2018 година до 36% во 2020 година, иако ова е сеуште над просечната стапка на Западниот Балкан, (каде што изнесува околу 30%), и над просечната стапка во земјите од ЕУ (со стапка од 17%). Северна Македонија, исто така, ги подобри капацитетите на својата јавна служба за вработување, која сега исто така ги категоризира невработените лица според нивната способност за вработување, профилира и поставува индивидуални планови за вработување“, посочи претставникот на OECD Даху и додаде дека сеуште постојат предизвици на кои треба да се посвети внимание, а се однесуваат на заштитата на животната средина, транспортот и дигитализацијата.

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi në prezantimin e "Pasqyra e konkurrentshmërisë në Evropën Juglindore e OECD”- Konkurrentshmëria e përmirësuar në Republikën e Maqedonisë së Veriut, përparim në 8 nga 15

Zëvendëskryeministri i Qeverisë përgjegjës për çështjet ekonomike, Fatmir Bytyqi, sot, përmes lidhjes me video konferencë, mori pjesë dhe foli në ngjarjen e prezantimit të periodikut "OECD Pasqyra e konkurrentshmërisë në Evropën Juglindore 2021” (OECD South East Europe Competitiveness Outlook 2021)) në organizim të Organizatës për Bashkëpunim dhe Zhvillim Ekonomik (OECD).  Në hapje fjalën e morën Karim Dahu, zyrtar për çështjet globale i OECD-së dhe Frek Janmat, shefi i departamentit të operacioneve në Delegacionin e Bashkimit Evropian në vendin tonë.

Zëvendëskryeministri Bytyqi vuri në dukje se në edicionin e tretë të "OECD Pasqyra e konkurrentshmërisë në Evropën Juglindore 2021”, sipas të dhënave nga analiza e kryer në periudhën 2019-2020, nga gjithsej 15 zona, Republika e Maqedonisë së Veriut shënon përparim në 8 nga fushat, krahasuar me pasqyrën e publikuar në vitin 2018.

"Kjo do të thotë se politikat ekonomike janë në gjendje të mirë dhe ato krijojnë konkurrentshmëri  më të madhe për Republikën e Maqedonisë së Veriut. Sidoqoftë, përveç konkurrentshmërisë së përmirësuar individuale të vendeve, ne duhet të përqendrohemi në rritjen e konkurrentshmërisë rajonale dhe krijimin e shkallëve më të larta të rritjes ekonomike në rajon, në vend që të krijojmë konkurrencë reciproke. Tetë fushat në të cilat vendi ynë ka rezultate mbi mesataren në rajon janë: politika e tregtisë dhe tatimeve, si dhe politika jonë e punësimit, politikat e energjisë dhe bujqësisë, politikat mjedisore, pastaj politikat kundër korrupsionit dhe ato të inovacionit dhe teknologjisë”, filloi fjalimin zëvendëskryeministri.

Republika e Maqedonisë së Veriut renditet e para në rajon në tri fusha: politikë tregtare (nënkategoria e-tregti), politikë energjetike dhe politikë e punësimit, ndërsa në gjithsej 10 fusha është mbi ose në nivelin e shteteve të tjera të mbuluara nga pasqyra, tha Bytyqi.

"Politikat tregtare janë zhvilluar në një nivel të lartë, për shkak të zbatimit të vazhdueshëm të detyrimeve të marrëveshjes CEFTA, liberalizimit të tregut të shërbimeve, si dhe marrjes së hapave konkretë në liberalizimin dhe lehtësimin e procedurave për regjistrim, qëndrim dhe punësim të shtetasve të huaj. Në njërën nga nënkategoritë në këtë fushë, e-tregtinë (tregtinë elektronike), kemi rezultate jashtëzakonisht të mira dhe jemi të parët në rajon, veçanërisht si rezultat i zbatimit të vazhdueshëm të rekomandimeve të BE-së që rregullojnë këtë segment të ekonomisë. Nuk është befasi, por natyrisht që politika jonë energjetike veçohet në rajonin e Ballkanit Perëndimor, ku kemi një përmirësim të madh, kështu që nga nota 2,0 në renditjen e mëparshme tani kemi notën 3,7. Kjo sigurisht nuk do të thotë për ne se kemi bërë gjithçka të nevojshme, përkundrazi, ne si Qeveri jemi plotësisht të vetëdijshëm dhe plotësisht të përkushtuar për zbatimin dhe transponimin e direktivave të të ashtuquajturës pakoja e tretë energjetike e Sekretariatit të Komunitetit të Energjisë. Politikat e punësimit, veçanërisht në mbështetje të punësimit të të rinjve, gjithashtu po japin rezultate. "Garancia rinore" është një nga masat më të mira dhe më të suksesshme, të cilat njihen nga ky raport, dhe për shkak të së cilës kemi shkallën më të ulët historikisht të papunësisë në kategorinë 15-29 vjet”, vazhdoi në fjalimin e tij zëvendëskryeministri.

Bytyqi informoi se për sa i përket politikës tatimore, Maqedonia e Veriut është mbi mesataren e vendeve të Ballkanit Perëndimor, si rezultat i reformave që zbatuan një sistem elektronik për raportimin e rregullt të të gjitha shpenzimeve nga buxheti qendror dhe në të njëjtën kohë zbatoi një sistem për parashikimin e të ardhurave buxhetore. Për sa i përket administratës tatimore, vendi ynë vlerësohet gjithashtu mbi mesataren e Ballkanit Perëndimor, veçanërisht për shkak të pozitës së mirë të Drejtorisë së të Ardhurave Publike dhe menaxhimit të saj si një institucion kyç që funksionon si një organ i unifikuar përgjegjës për administrimin dhe grumbullimin e taksave publike.

"Në dy dimensione të raportit, performansa jonë është në nivelin e mesatares së rajonit të Ballkanit Perëndimor, këto janë politika investimi dhe promovim, dhe digjitalizimi, por nëse marrim parasysh kohën kur u krijua ky raport, që është viti 2019 dhe 2020, që atëherë, në vendin tonë janë ndërmarrë disa hapa të rëndësishëm me të cilët notat në këto kategori, nëse bëhen sot, do të ishin shumë më të mira. Gjegjësisht, që nga ardhja në pushtet e këtij grupi, u stopua praktika e tërheqjes së investimeve të huaja direkte duke paguar promovime të shtrenjta, punësimin e promovuesve të shtrenjtë në llogari shtetërore dhe organizimin e rod shou të ndryshme , për të cilat në periudhën nga viti 2013 deri në vitin 2016 u shpenzuan 225 milionë euro dhe rezultoi me SDI në vlerë prej 1 miliardë euro, ndërsa në periudhën nga viti 2017 deri në vitin 2020 kur u shpenzuan 0 euro për aktivitete të tilla të parëndësishme promovuese, ne kemi një nivel më të lartë të SDI në vlerë prej 1.4 miliardë euro. Nga gushti i vitit 2020, Qeveria po ndërmerr hapa për të vënë të gjithë portofolin e mbështetjes së investimeve, përfshirë Agjencinë për Investimet e Huaja dhe Drejtorinë e Zonave të Zhvillimit Teknologjike-Industriale, nën një ombrellë, në mënyrë që kabineti im të funksionojë si one-stop-shop  për të gjithë investitorët e mundshëm”, tha Bytyqi.

Zëvendëskryeministri theksoi se Qeveria ka qasje shumë serioze analitike ndaj raporteve të këtij lloji dhe të gjitha sfidat e listuara në këtë Pasqyrë  po shqyrtohen në detaje dhe tashmë po punojnë në mënyrë aktive për t'i kapërcyer ato sa më shpejt të jetë e mundur.

"Ne jemi duke punuar në mënyrë aktive për të përmirësuar performancën tonë në disa dimensione, sikurse qasja në financa, arsim, turizëm dhe sektorin e transportit. Në vitin e fundit, të vetëdijshëm për situatën në këta sektorë, janë bërë ndryshime të mëdha sistemike për të përmirësuar mjedisin e përgjithshëm të biznesit. Në lidhje me financat, fondi shtetëror i garancisë tashmë është në funksion, me të cilin shteti merr një pjesë të kolateralit për kreditë dhe garancitë doganore të kompanive, në arsim, ne kemi bërë përparim të madh në futjen e arsimit të dyfishtë, ku në këtë vit shkollor, fëmijët tanë në mbi 240 klasa që janë pjesë e këtij sistemi kanë mundësi, përveç arsimit të rregullt, të fitojnë aftësi dhe njohuri nga pjesa praktike e punës së kompanive që janë pjesë e këtij programi, ndërsa në sektorin e transportit po investojmëi shuma rekorde në ndërtimin dhe rehabilitimin e autostradave, dhe intensivisht  jemi duke punuar në ndërtimin dhe modernizimin e trafikut hekurudhor", nënvizoi zëvendëskryeministri Bytyqi gjatë prezantimit të "OECD Pasqyrën e konkurrentshmërisë në Evropën Juglindore 2021”.

Karim Dahu, zyrtar për Çështjet Globale i OECD-së, tha se analiza e plotë është përgatitur nga Programi Rajonal i Evropës Juglindore i Organizatës për Bashkëpunim Ekonomik dhe Zhvillim, i cili ka mbështetur ekonomitë e rajonit për më shumë se 20 vjet për të krijuar dhe zbatuar reforma, për të stimuluar rritjen, investimet dhe punësimet.

“Pasqyra periodike e konkurrentshmërisë ofron një nga vlerësimet më gjithëpërfshirëse të reformës politike në Ballkanin Perëndimor. Bazuar në analizën multidisiplinare të OECD-së, kjo pasqyrë mbulon 15 politika kryesore dhe lejon qeveritë e Ballkanit Perëndimor të krahasojnë drejtpërdrejt performancën e tyre ekonomike dhe të bëjnë krahasime me politikat e OECD-së dhe vendeve anëtare të BE-së. Gjithashtu u lejon atyre të gjurmojnë performancën e politikave me kalimin e kohës, duke krahasuar rezultatet me ato të botimeve të mëparshme në vitin 2016 dhe vitin 2018. Sivjet, vlerësimi tradicional rajonal u plotësua nga gjashtë profile individuale të ekonomisë”, tha Dahu.

Ai shtoi se kryetarët e shteteve dhe qeverive në samitin e Procesit të Berlinit këtë verë ranë dakord se rekomandimet e bëra nga Pasqyra e Konkurrentshmërisë i OECD-së mund të shërbejnë si një udhëzues dhe frymëzim për zbatimin e një reforme dhe agjende ambicioze, përfshirëse dhe të qëndrueshme për Ballkanin Perëndimor dhe se vetë pasqyra siguron një bazë të dhënash të nevojshme dhe të dobishme për rimëkëmbjen e rajonit pas Covid-19.

“Më lejoni të theksoj tre fushat ku Maqedonia e Veriut ka treguar performancat më të fuqishme në krahasim me raportin e fundit të publikuar në vitin 2018. E para është politika tatimore, ku Maqedonia e Veriut ka harmonizuar sistemet tatimore me trendet e fundit tatimore ndërkombëtare. Ajo është bashkuar me Kornizën Përfshirëse të OECD/G20 për erozionin bazë dhe ndarjen e fitimit (BEPS) dhe ka nënshkruar Konventën shumëpalëshe mbi zbatimin e masave në lidhje me marrëveshjen e parandalimit të taksave të BEPS. Maqedonia e Veriut gjithashtu nënshkroi Konventën për ndihmën e ndërsjellë administrative në çështjet tatimore, forcoi kapacitetin e saj të parashikimit të taksave dhe zgjeroi modelet e saj të simulimit. Vijon politika kundër korrupsionit, gjegjësisht forcimi i luftës kundër korrupsionit. Në këtë pjesë, Maqedonia e Veriut forcoi Komisionin Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit. Ligji për parandalimin e korrupsionit dhe konfliktit të interesit i miratuar në vitin 2019 zgjeroi kompetencat e Komisionit. Për më tepër, buxheti i tij vjetor është dyfishuar. E treta është politika e punësimit. Maqedonia e Veriut ka bërë përparim në rritjen e pjesëmarrjes së të rinjve në tregun e punës. Skema e saj pilot e “Garancia rinore” për vitin 2018 ka kontribuar për një rënie të fuqishme të shkallës së papunësisë së të rinjve, nga 45% në vitin 2018 në 36% në vitin 2020, megjithëse kjo është ende mbi normën mesatare në Ballkanin Perëndimor (ku është rreth 30%), dhe mbi normën mesatare në vendet e BE -së (me një normë prej 17%). Maqedonia e Veriut gjithashtu ka përmirësuar kapacitetin e shërbimit të saj publik të punësimit, e cila tani i kategorizon të papunët sipas aftësisë së tyre të punësimit, profilizon dhe krijon plane individuale punësimi”, tha përfaqësuesi i OECD-së  Dahu dhe shtoi se ekzistojnë sfida të cilave duhet t'u kushtohet vëmendje, në lidhje me mbrojtjen e mjedisit, transportin dhe digjitalizimin.

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: