Вицепремиерот Битиќи на конференција за „Забрзување на финансирањето на зелени проекти“ – Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“, за проекти за подобар живот на сите граѓани

4 Oктомври 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворањето на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“,  на кој учествуваат и заменикот помошник генерален секретар на Организацијата на Обединети Нации и претседавач на Управувачкиот комитет на „Заедничкиот фонд за цели за одржлив развој (Joint SDG Fund)“, г. Хаолијанг Шу, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, Постојаната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, Постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, Директорката на финансиските институции за Западен Балкан и Источна Европа на Европската банка за обнова и развој Александра Вукосављевиќ и други експерти од областа на заштита на животната средина и развојни „зелени“ проекти.

Вицепремиерот во своето воведно обраќање нагласи дека во оваа фаза на развојот на Република Северна Македоија неопходно е да се зборува за забрзување на „зелените финансии“ и за неопходноста од воведувањето различни финансиски инструменти што ќе водат до подобар исход за животната средина во државата.

„Дозволете ми да ги повторам позициите на Владата на Северна Македонија и уште еднаш да потенцирам дека нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега, а со тоа и потребите за инвестиции се значителни на сите нивоа и во сите сектори. Ние, без сомнеж, сме целосно посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, особено преку намалување на нашата зависност од фосилни горива и фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор“, потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот се осврна на енергетските политики во Северна Македонија, посочи дека тие се сеопфатни и бараат голема посветеност и работа во имплементацијата.

„Донесени се веќе неколку стратегии: за развој на енергетиката, енергетска ефикасност и обезбедување на стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија. Сфативме дека инвестирањето е од клучно значење за да се постигне трансформација. Нашите ветувања, намери и планови се претвораат во дејства и во факти. Неодамнешното поднесување на нашиот унапреден „Национален придонес за климатските промени“, усвојувањето на Стратегијата за развој на енергиката и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ и Зелениот договор, се наш начин за достигнување на нашите краткорочни и долгорочни цели, но исто така, горенаведените стратегии и пристапи јасно ја покажуваат решеноста на Владата да воспостави политики поврзани со енергијата и да преземе дејства како централна точка за декарбонизација и напори за зелено закрепнување“, додаде вицепремиерот за економски прашања.

Битиќи подвлече дека спроведувањето на сите стратешки документи ќе покаже дека може да се одвои економскиот раст од емисиите на јаглерод и од неодржливите потрошувачка и производство.

„За да можеме да го направиме тоа, треба да ги преобликуваме нашите практики, да ги приспособиме и прошириме нашите традиционални финансиски пазари и алатки за финансирање, како и да ги вклучиме сите релевантни партнери и засегнати страни. Од друга страна, трошокот што ќе биде потребен за инвестирање во енергетската транзиција е повеќе од профитабилен и тоа во многу насоки: прво, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина; второ, треба да се земе предвид дека Европската унија воведува данок за загадување од термоелектрани, на емисии на јаглерод диоксид со што, практично, се обесхрабрува производството на електрична енергија од конвенционалните фосилни горива и ќе придонесе кон тоа производството да биде поскапо отколку што е сега. Затоа, инвестирањето во обновливи извори не треба да се гледа само како трошок, туку и како заштеда и како инвестиција за иднината, за одржливост на општеството и за подобар живот на граѓаните“, потенцираше Битиќи.

Финансискиот пејзаж ги става во фокус инвестициите во енергетската ефикасност, истражувањето, иновацијата, конкурентноста и обновливата енергија, а тоа е одлична можност да се искористи спојувањето на јавните и приватните фондови.

„Во таа насока, ја цениме потенцијалната можност за партнерство со Заедничкиот фонд за одржливите цели за развој (Joint SDG Fund),  со агенциите на Обединетите нации – УНДП, Меѓународната организација за миграција и УНЕЦЕ, ЕБРД и 7 приватни банки од Северна Македонија во воспоставувањето на „Инструмент за зелено финансирање“. Механизмот за финансирање ќе служи за пример за тоа како различни партнери – јавни, приватни и меѓународни финансиски институции – може да ја комбинираат својата експертиза заедно и да ги спојат финансиите за забрзување на одговорот кон климатските промени. Тоа, исто така, ќе отвори нови, иновативни патишта за поттикнување на бизнис и станбените сектори и обновливата енергија што се користи таму, како и за усвојување на ефикасни технологии. И конечно, ќе креира нов модел за тоа како да се искористат инвестициите од приватниот сектор и да се стави во употреба владиното финансирање за стимулирање на пазарната реакција и поголемите инвестиции во еден заеднички приоритет. Поради тоа, силно го поддржуваме развојот на „Инструментот за зелени финансии“ и драго ми е што можам да кажам дека Владата ќе придонесе со 800.000 долари кон овој инструмент“, рече Битиќи.

„Инструментот за зелени финансии“ треба да  претставува систем од поврзана, взаемно засилена интервенција, наспроти повеќе паралелни интервенции што функционираат одделно. Овој инструмент ќе охрабри инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност, инвестиции во нови, иновативни решенија привлечни за пазарот истовремено зголемувајќи ја свесноста и негувајќи ја културата за одговорно производство и користење на енергијата.

„Горд сум на тоа што Владата на Република Северна Македонија игра значајна улога во создавањето и овозможувањето средина за инвестиции во енергетска ефикасност и обновлива енергија.

Ја искористивме досегашната динамика за развој на овие пазари и ја надградивме; го препознавме потенцијалот на пазарната трансформација што го нуди овој проект. Решени сме да го поддржиме спроведувањето, притоа работејќи заедно со системот на ОН како наш сигурен партнер со цел да го оптимизираме пазарот на Северна Македонија за обновлива енергија врз основа на владината стратегија за енергија и клима. Со ова, би сакал да се заблагодарам на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој затоа што го разгледаа предлогот на Северна Македонија и за стимулирањето на развојот на финансиски инструменти што имаат потенцијал да ја унапредат агендата за финансирање на целите за одржлив развој, како меѓународната, така и регионалната за Југоисточна Европа и Балканот. Дозволете ми и да го истакнам важниот придонес што нашите партнери го дадоа на овој проект – тимот на ОН Северна Македонија и УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ, како и ЕБРД – партнери кои во овој проект ја донесоа својата огромна експертиза и чие знаење и посветеност ќе ни овозможат да го заживееме „Инструментот за Зелени финансии“, заврши во своето воведно обраќање вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на конференцијата на која беше претставен „Инструментот за Зелени финансии“ на „Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН“.

На отворањето на конференцијата свое воведно обраќање имаше и постојаната координаторка на ОН агенциите во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, која што посочи дека амбициозните планови на Владата за намалување на емисиите на стакленички гасови се добра основа за забрзување на вложувањата во изградба на обновливи извори на енергија.

„Северна Македонија започна многу амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови што е добра основа за забрзување на вложувањата во обновливи извори на енергија, со цел - намалување на емисиите на стакленички гасови од 51% до 2030 година. Среќна сум што гледам и голем интерес во нови и разновидни финансиски инструменти, како и поврзување на финансии за да се привлечат повеќе инвестиции во "зелената агенда", рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и додаде: "Цел на оваа заедничка програма е токму тоа, да понуди еден таков финансиски инструмент – „Инструментот за Зелено финансирање“, кој нема да постои без цврстата заложба на сите партнери и за тоа сакам искрено да им се заблагодарам на сите што се вклучени“.

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi në konferencë me temë “Përshpejtimi i financimit të projekteve të gjelbra” - Jemi të përkushtuar për realizimin e “Agjendës së gjelbër”, për projekte për një jetë më të mirë për të gjithë qytetarët

  

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi, foli në hapjen e konferencës “Përshpejtimi i financimit të projekteve të gjelbra: Prezantimi i instrumentit të financimit të gjelbër”, ku marrin pjesë zëvendës ndihmësi i sekretarit të përgjithshëm të Kombeve të Bashkuara dhe kryesuesi i Komitetit Drejtues të “Fondit të përbashkët për zhvillim të qëndrueshëm (Joint SDG Fund)”, z. Haoliang Shu, ministri i financave Fatmir Besimi, ministri i mjedisit dhe planifikimit hapësinor, Naser Nuredini, koordinatorja e përhershme agjencive të OKB-së në Maqedoninë e Veriut, Rosana Duxhak, përfaqësuesja e përhershme e UNDP-së në Maqedoninë e Veriut, Narine Sahakjan, drejtoresha e institucioneve financave për Ballkanin Perëndimor dhe Evropën Lindore të Bankës Evropiane për Rindërtim dhe Zhvillim Aleksandra Vukosavleviq dhe ekspertë të tjerë në fushën e mbrojtjes së mjedisit dhe zhvillimit të projekteve “të gjelbra”.

Në fjalën hyrëse, zëvendëskryeministri theksoi se në këtë fazë të zhvillimit të Republikës së Maqedonisë së Veriut është e domosdoshme të flitet për përshpejtimin e “financave të gjelbra” dhe domosdoshmërinë për të futur instrumente të ndryshëm financiarë që do të çojnë në një rezultat më të mirë për mjedisit në vend.

“Më lejoni të përsëris qëndrimet e Qeverisë së Maqedonisë së Veriut dhe të theksoj edhe një herë se përkushtimi ynë ndaj “Agjendës së gjelbër” është më i madh se kurrë, dhe kështu nevojat për investime janë të rëndësishme në të gjitha nivelet dhe në të gjithë sektorët. Ne jemi, pa dyshim, plotësisht të përkushtuar për zvogëlimin e ndotjes, zvogëlimin e emetimeve të gazrave serrë, gjelbërimin e ekonomisë sonë, veçanërisht duke zvogëluar varësinë tonë nga karburantet fosile dhe duke u fokusuar në përdorimin më efikas të energjisë në sektorët industrial dhe rezidencial”, theksoi Bytyqi.

Zëvendëskryeministri iu referua politikave energjetike në Maqedoninë e Veriut, duke theksuar se ato janë gjithëpërfshirëse dhe kërkojnë angazhim dhe punë të madhe në zbatim.

“Tashmë janë miratuar disa strategji: për zhvillimin e energjetikës, efikasitetin e energjisë dhe sigurimin e stabilitetit në furnizimin me energji për të gjithë. Filluam një cikël të madh investimesh për një të ardhme më të gjelbër, burime të rinovueshme të energjisë dhe eksplorim të më shumë opsioneve të furnizimit me energji. Kuptuam se për të arritur transformimin investimi është vendimtar. Premtimet, synimet dhe planet tona kthehen në veprime dhe fakte. Paraqitja jonë e fundit e “Kontributit Nacional për Ndryshimin e Klimës”, miratimi i Strategjisë për Zhvillimin e Energjisë dhe strategjive dhe planeve të tjera kombëtare në përputhje me procesin e pranimit në BE dhe Marrëveshjen e Gjelbër janë mënyra jonë për të arritur qëllimet tona afatshkurtra dhe afatgjata, por gjithashtu, strategjitë dhe qasjet e mësipërme demonstrojnë qartë vendosmërinë e Qeverisë për të krijuar politika të lidhura me energjinë dhe për të ndërmarrë veprime si një pikë qendrore për dekarbonizimin dhe përpjekjet e rimëkëmbjes së gjelbër”, shtoi zëvendëskryeministri për çështjet ekonomike.

Bytyqi nënvizoi se zbatimi i të gjitha dokumenteve strategjike do të tregojë se rritja ekonomike mund të ndahet nga emetimet e karbonit dhe konsumi dhe prodhimi i paqëndrueshëm.

“Për të qenë në gjendje ta bëjmë këtë, ne duhet të riformësojmë praktikat tona, të përshtatim dhe zgjerojmë tregjet tona tradicionale financiare dhe mjetet e financimit, dhe të përfshijmë të gjithë partnerët dhe palët e interesuara. Nga ana tjetër, kostoja që do të kërkohet për të investuar në tranzicionin e energjisë është më se fitimprurëse në shumë mënyra: së pari, mbrojtja e shëndetit të qytetarëve dhe mbrojtja e mjedisit; së dyti, duhet të merret parasysh se Bashkimi Evropian po vendos një taksë mbi ndotjen nga termocentralet, mbi emetimet e dioksidit të karbonit, i cili, në praktikë, dekurajon prodhimin e energjisë elektrike nga lëndët djegëse fosile konvencionale dhe do të kontribuojë që prodhimi të jetë më i shtrenjtë se sa tani. Prandaj, investimi në burime të rinovueshme nuk duhet parë vetëm si kosto, por edhe si kursim dhe si investim për të ardhmen, për qëndrueshmërinë e shoqërisë dhe për një jetë më të mirë të qytetarëve”, tha Bytyqi.

Peizazhi financiar fokusohet në investimet në efikasitetin e energjisë, kërkimin shkencor, inovacionin, konkurrentshmërinë dhe energjinë e rinovueshme, gjë që është një mundësi e madhe për të përfituar nga bashkimi i fondeve publike dhe private.

“Në këtë drejtim, vlerësojmë mundësinë e mundshme për partneritet me Fondin ë përbashkët për zhvillim të qëndrueshëm (Joint SDG Fund), me agjencitë e Kombeve të Bashkuara - UNDP, Organizatën Ndërkombëtare për Migracionin dhe UNECE, BERZH dhe 7 banka private nga Maqedonia e Veriut në krijimin e “Instrumentit të Financimit të Gjelbër”. Mekanizmi i financimit do të shërbejë si shembull se si partnerë të ndryshëm - institucione financiare publike, private dhe ndërkombëtare - mund të kombinojnë ekspertizën e tyre së bashku dhe të bashkojnë financat për të përshpejtuar reagimin ndaj ndryshimeve klimatike. Ai gjithashtu do të hapë rrugë të reja inovative për rritjen e sektorit të biznesit dhe strehimit dhe energjisë së rinovueshme të përdorur atje, si dhe për miratimin e teknologjive efikase. Së fundi, ai do të krijojë një model të ri për mënyrën e përdorimit të investimeve të sektorit privat dhe do të përdorë financimin e Qeverisë për të stimuluar reagimin e tregut dhe investimet më të mëdha në një përparësi të përbashkët. Prandaj, ne mbështesim fuqishëm zhvillimin e “Instrumentit të Financave të Gjelbra” më vjen mirë se mund të them që Qeveria do të kontribuojë me 800.000 dollarë për këtë instrument”, tha Bytyqi.

“Instrumenti i Financës së Gjelbër” duhet të jetë një sistem i ndërhyrjes së lidhur, reciprokisht përforcuese, në krahasim me disa ndërhyrje paralele që veprojnë veçmas. Ky instrument do të inkurajojë investimet në energjinë e rinovueshme dhe efikasitetin energjetik, investimet në zgjidhje të reja inovative tërheqëse për tregun duke rritur ndërgjegjësimin dhe duke ushqyer një kulturë të prodhimit dhe përdorimit të përgjegjshëm të energjisë.

“Jam krenar që Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut luan një rol të rëndësishëm në krijimin dhe mundësimin e një mjedisi për investime në efikasitetin e energjisë dhe energjinë e rinovueshme.

Kemi përdorur dinamikën aktuale për zhvillimin e këtyre tregjeve dhe e kemi përmirësuar atë; ne njohëm potencialin e transformimit të tregut që ofron ky projekt. Jemi të vendosur të mbështesim zbatimin, ndërsa punojmë së bashku me sistemin e OKB-së si partneri ynë i besueshëm në mënyrë që të optimizojmë tregun e Maqedonisë së Veriut për energji të rinovueshme bazuar në strategjinë qeveritare të energjisë dhe klimës. Me këtë, unë do të doja të falënderoja Fondin e përbashkët për qëllimet e zhvillimit të qëndrueshëm për shqyrtimin e propozimit të Maqedonisë së Veriut dhe për stimulimin e zhvillimit të instrumenteve financiare që kanë potencialin për të çuar përpara agjendën për financimin e qëllimeve të zhvillimit të qëndrueshëm, sikur ato ndërkombëtare po ashtu edhe ato rajonale për Evropën Juglindore dhe Ballkanin. Më lejoni gjithashtu të nënvizoj kontributin e rëndësishëm që kanë dhënë partnerët tanë në këtë projekt - ekipi i OKB-së Maqedonia e Veriut dhe UNDP, IOM dhe UNECE, si dhe BERZH - partnerë të cilët kanë sjellë ekspertizën e tyre të madhe në këtë projekt dhe njohuritë dhe angazhimi i të cilëve do të na mundësojnë të ringjallim “Instrumentin e Financave të Gjelbra”, përfundoi në fjalën e tij hyrëse zëvendëskryeministri për çështjet ekonomike, Fatmir Bytyqi, në konferencën ku u prezantua “Instrumenti i Financave të Gjelbra” i “Fondit të përbashkët për zhvillimin e qëndrueshëm të OKB-së”.

Koordinatorja e përhershme e agjencive të OKB-së në Republikën e Maqedonisë së Veriut, Rosana Duxhak, gjithashtu foli në hapjen e konferencës, duke theksuar se planet ambicioze të Qeverisë për të zvogëluar emetimet e gazrave serrë janë një bazë e mirë për përshpejtimin e investimeve në ndërtimin e burimeve të rinovueshme të energjisë.

“Maqedonia e Veriut ka nisur një plan shumë ambicioz për të zvogëluar emetimet e gazrave serë, i cili është një bazë e mirë për përshpejtimin e investimeve në burimet e energjisë së rinovueshme, në mënyrë që të zvogëlojë emetimet e gazrave serrë me 51% deri në vitin 2030. Jam e lumtur që shoh interesim të madh për instrumentet e reja dhe të larmishme financiare, si dhe lidhjen e financave për të tërhequr më shumë investime në “Agjendën e gjelbër”, tha Rosana Duxhak, koordinatore e përhershme e OKB-së në Maqedoninë e Veriut, duke shtuar: “Qëllimi i kësaj programi është pikërisht ai, për të ofruar një instrument të tillë financiar - “Instrumenti i Financimit të Gjelbër”, i cili nuk do të ekzistojë pa angazhimin e fortë të të gjithë partnerëve dhe për këtë dua të falënderoj sinqerisht të gjithë ata që janë inkuadruar”.

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: