Скопје го доби „Ист Гејт Мол“ – изграден во рекорден рок со нов стимул за економски развој и 2.500 вработувања

28 Октомври 2021 година


Во предвечерјето на официјалното отворање  во свечена есенска атмосфера се одржа средба за закупците, соработниците и партнерите на „Ист Гејт Мол“.

На присутните топло добредојде им посака инвеститорот на проектот.  На средбата инвеститорот искажа голема благодарност на сите учесници во процесот кој овозможи реализација на инвестицијата.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто од утре ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација, и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град.

На настанот присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата Зоран Заев како и министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор и на закупците на трговскиот центар.

Премиерот Заев кој ги поздрави присутните и се обрати заедно со акционерите на „Скопје Ист Гејт“, Арсим Папранику и Самир Мане, истакна дека Скопје доби нов, најголем, современ трговски центар „Ист Гејт Мол“.

„Упатувам честитки на сите, на изведувачите, градежните компании, вработените во „Ист Гејт“ како и на менаџментот за успешната и навремена реализација на оваа огромна инвестиција. Како што најавија кога во март годинава бевме тука, така и остварија. Оваа есен добивме трговски центар од новата генерација, кој го претставува светот на едно место. Со овој проект, Скопје, нашата земја и сите ние, добиваме многу. Ќе доаѓаат домашни посетители, илјадници туристи од  регионот и пошироко, и тука на едно место ќе најдат многу реномирани брендови. Она што е значајно за домашната економија, е дека ќе се вработат и над 2.500 наши граѓани. За навремена реализација на овој грандиозен мол, посветено работеа и наши домашни градежни компании. Поточно 90% од компаниите кои работеа се домашни и целиот мол го завршија во рекорден рок. Јас им честитам и ми причинува големо задоволство да ги видам овие резултати. Креиравме поволен деловен амбиент, за сериозни вложувања, со добро платени работни места. Сето тоа е препознаено и не случајно и во услови на пандемија се реализираат крупни капитални проекти, како овој во износ од 103 милиони евра. Денес, Северна Македонија е земја со предвидлива бизнис клима, НАТО членка, а тоа значи и сигурност на инвестициите. Сите одлуки кои ги носиме имаат за цел да  создадат фер пазарни услови, подобра конкурентност и развој на приватниот сектор“, рече Заев и подвлече дека сите заедно со добри намери, градиме успешни приказни, работата и делата секогаш победуваат и не може да се побијат.

Премиерот Заев додаде дека ние сме една од ретките земји во коja во услови на пандемија, се случуваат инвестиции, расте просечната нето-плата, се намалува невработеноста, се зголемуваат стапките на раст на бруто-домашниот производ, го намалуваме јавниот долг и што е најважно се планира на долг рок за овие позитивни трендови да продолжат да растат. Премиерот Заев упати честитки до сите инволвирани во процесот, како и за општината Гази Баба и досегашниот градоначалник Борче Георгиевски како и на Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.

Трговскиот центар чија бруто изградена површина изнесува 160.000 m2 беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија.

„Ист Гејт Мол“ е дел од повеќенаменскиот проект „Скопје Ист Гејт“ и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group). „Ист Гејт Мол“, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври од 10:00 часот.

 

Видео од инсерти

Видео од обраќањето на премиерот Зоран Заев

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: