25 Јануари 2022 година, Софија, Република Бугарија
Работата на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија која што се одржува во Софија, продолжи со втората пленарна сесија на министрите со која претседаваа премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков и на која беа презентирани основите, приоритетите и календарот на активностите на работните групи.
Во продолжение од Програмата на мешовитиот состанок на Владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија, во рамките на официјалната посета на Софија на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, се потпишаа неколку меморандуми за разбирање, програми за соработка и договори.
Меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, руралните региони и шумското стопанство помеѓу Министерството за земјоделство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија потпишаа министрите Иван Иванов и Љупчо Николовски.
Министерот за економија во Владата на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за иновации и развој на Бугарија Даниел Лорер, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија и Извршната агенцијата за промоција на малите и средни претпријатија од Бугарија.
Министрите за транспорт и врски на Република Бугарија Николај С‘бев и на Република Северна Македонија Благој Бочварски потпишаа Меморандум за либерализација на превозот на стоки за и од трети земји, како и декларација за намалување на цените на роамингот меѓу двете земји.
Министрите Бочварски и С‘бев потпишаа и Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје–Софија преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија Софија-Скопје.

Линк до видео со инсерти од потпишувањето меморандуми за разбирање и декларации за соработка и прес-конференцијата