26 јануари, 2018 година
Почитувани,
Во правец на точно и јасно информирање на јавноста, посочуваме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на поставеното прашање кое се однесува на повторно започнување со работа на комбинатот Фени, односно дали истиот повторно ќе започне со работа во февруари оваа година, посочи дека согласно информациите со кои тој располага, е дека започнувањето со работа на Фени би било во февруари, при кое нешто не го определи конкретниот датум, на начин како што беше наведено во дел од медиумите.
Истовремено потенцираме дека постапката е во надлежност на судската власт, како и во согласност со одлуките на Одборот на доверители и ќе продолжи да се спроведува и понатака. Напоменуваме дека за целосно рестартирање на работата на комбинатот Фени ќе биде потребно дополнително време за обезбедување и снабдување со суровини (руда) и останати репро материјали