Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед

18 Март 2022 година

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед

Владата на Република Северна Македонија на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.

Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар. 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: