29 Март 2022 година
Владата на Република Северна Македонија, на денешната 33-та тематска седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, од која се очекува да се утврдат приоритетите за финансирање на владините програми и проекти од овој инструмент за претпристапна помош на Европската Унија.
ИПА 3 Финансиската рамковна спогодба за партнерство (FFPA) која ги уредува односите и ги поставува правилата и принципите за спроведување на ИПА 3 е во фаза на меѓуресорски консултации и се очекува да биде одобрена и ратификувана најдоцна до септември 2022 година.
Според структурата, ИПА 3 е поделена на пет прозорци и тоа: Владеење на правото, фундаментални прва и демократија; Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација; Зелена агенда и одржлива поврзаност; Конкурентност и инклузивен раст; Територијална и прекугранична соработка, каде се утврдени многубројни тематски приоритети.