Ве информираме дека утре, на 19 февруари 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на свеченоста по повод потпишување на договор за државна помош помеѓу Владата на Република Македонија и ВИК Македонија, компанија лоцирана во ТИРЗ Алинци-Прилеп.
Договорот ќе го потпишат министерката за привлекување на странски инвестиции г-ѓа Зорица Апостолска, сопственикот и управител на групацијата ВИК г-дин Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија г-дин Хелмут Румлер.
Настанот ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија и ќе започне во 13:00 часот.
Ни претставува задоволство да ги поканиме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев, министерката Апостолска и сопственикот на групацијата ВИК Христоф Дерн.