Ве информираме дека на 21 февруари 2018 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува и ќе се обрати на „Тркалезната маса за проектот на Советот на странски инвеститори - Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“.
Настанот ќе се одржи во сала 4 на петтиот кат во објектот на Стопанската комора на Македонија, а ќе започне во 13:00 часот.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.