21 февруари, 2018 година
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со претставници на транспортните компании, доверители на Фени индустри, претставници на Новалогистик и претставниците на компанијата G-Sol, компанија која има договор за преработка на руда.
Транспортерите ги образложија причините поради кои протестираат и побараа сите заостанати долгови кои Фени Индустри ги има кон Новалогистик, а таа кон транспортните компании да бидат покриени од новиот потенцијален сопственик.
Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата не се меша во должничко-доверителски односи помеѓу приватните субјекти. Тој ги охрабри присутните да најдат меѓусебно решение, во однос на динамиката на покривањето на заостанатите долгови како би можело фабриката побрзо да се рестартира.