Ве информираме дека на 26 февруари 2018 година (понеделеник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, како член на официјална Владина делегација ќе учествува на „Инвестицискиот самит за Западен Балкан“ кој ќе се одржи во седиштето на Европската банка за обнова и развој во Лондон, Обединето Кралство.
Вицепремиерот ќе се обрати на панелот „Одржлив регионален енергетски модел“, ќе присуствува на билатералната средба со претседателот на ЕБОР, г-дин Сума Чакрабарти и ќе се сретне со г-ѓа Сју Берет, директор на ЕБОР за транспорт.