Ве информираме дека на 1 март 2018 година (четврток), во Медија центарот на Владата на Република Македонија во 11:00 часот, д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, м-р Крешник Бектеши, министер за економија и Јован Деспотовски, директор на фондот за иновации и технолошки развој, ќе одржат конференција за медиумите.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на конференцијата за медиуми и да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев, министерот Бектеши и директорот Деспотовски.