Ве информираме дека утре, на 10 март 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, г-ѓа Зорица Апостолска, министерка задолжена за странски инвестиции и д-р Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, ќе учествуваат на трибина со стопанственици од Куманово и кумановскиот регион на која ќе бидат презентирани можностите за компаниите со спроведување на мерките од Планот за економски раст на Владата.
Трибината ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово и ќе започне во 11:00 часот, а вицепремиерот Анѓушев ќе даде изјава за присутните медиуми околу 11:45 часот.
Ги покануваме претставниците на медиумите да го проследат настанот и да земат изјава од вицепремиерот Анѓушев