Ве информираме дека на 12 март 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, м-р Крешник Бектеши, министер за економија и Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој ќе остварат средба со претставници на компании - членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Состанокот ќе се одржи во салата за состаноци на ССК (Црвена Скопска Општина бр. 10 – плоштад Филип Втори, влезот гледа кон новата зграда на Македонската филхармонија), а планирани се изјави за медиумите околу 13:00 часот.
Ги покануваме претставниците на медиумите да земат изјава од вицепремиерот Анѓушев, во врска со состанокот.