Ве информираме дека на 30 март 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на Единаесетиот состанок на Бизнис клубот на општина Гази Баба, на кој ќе ги презентира мерките од Планот за економски раст пред присутните претставници на компаниите кои работат во Општината.
Состанокот ќе се одржи во објектот на компанијата Ариље Метал, во индустрискиот комплекс МЗТ.
Ги покануваме претставниците на медиумите во 10:40 часот да снимат кадри од состанокот, додека околу 10:45 вицепремиерот Анѓушев ќе биде достапен за изјава за присутните медиуми.