Почитувани,
Ве информираме дека на 19 април 2018 година, д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе земе учество на вториот ден од „Дигиталниот Самит“ во Скопје.
Вицепремиерот ќе биде дел од жири комисијата на „Натпреварот за убедување“ (Pitching Competition), во период од 09:30-11:30, во салата Борис Трајковски, каде што во рамките од 3-5 минути претставници на старт-ап компании од Република Македонија и регионот ќе имаат можност да ги презентираат своите бизнис идеи, а победникот на натпреварот ќе добие соодветна награда.
Овој настан се одржува во рамките на Старт ап кампот на Германското друштво за соработка – дел од програмата на Самитот.
Покануваме претставници на медиумите да го проследат настанот на кој ќе учествува вицепремиерот Анѓушев.