Учество на вицепремиерот Анѓушев на конференција во СКМ

Ве информираме дека на 20 април 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на конференција во органзиација на Стопанската комора на Македонија, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет од Скопје на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори - Можности и предизвици“.

Конференцијата ќе одржи во конференциската сала „Милениум 1“, во хотелот Холидеј Ин и ќе започне во 11:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да земат изјави од учесниците на конференцијата и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

 

Friday, April 20, 2018 - 11:00