Почитувани,
Ве информираме дека на 21 април 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“, која се одржува во рамките на одбележувањето на „Светската недела на креативност и иновативност“.
Трибината ќе се одржи на Машинскиот факултет во Скопје, а ќе започне во 11:00 часот.
Покануваме претставници на медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на трибината.