Ве информираме дека на 24 април 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на конференција за промоција на „Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија“ во организација на Европската банка за обнова и развој.
Настанот ќе се одржи во салата К1 во хотелот Александар Палас, а ќе започне во 11:00 часот.
Покануваме претставници на медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на настанот.