Прес конференција за прв јавен повик на Фондот за иновации за поддршка на мали и средни претпријатија

Почитувани,

Ве информираме дека на 28 април 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе одржат прес конференција на која ќе го промовираат првиот јавен повик од Програмата за поддршка  за поддршка на мали и средни претпријатија на ФИТР.

Прес конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија и ќе започне во 12:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да присуствуваат на прес конференцијата и да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев и директорот Деспотовски.

Saturday, April 28, 2018 - 12:00