Почитувани,
Ве информираме дека на 7 мај 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе оствари работна посета во Тетово.
Најпрво, околу 12:00 часот, вицепремиерот ќе посети еден од производствените погони на компанијата Пофикс, кадешто ќе оствари средба со сопствениците на компанијата и ќе има можност за изјава за медиумите.
Со почеток од 12:40 во Бизнис центарот на „Универзитетот на Југоисточна Европа“, вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на состанок со претставници на компании – членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Покануваме претставници на медиумите околу 12:00 часот да земат изјава од вицепремиерот Анѓушев во компанијата Пофикс (Индустриска зона Тетово, по стариот пат на излез од Тетово кон Скопје), како и да снимат инсерти во 12:40, од почетокот на состанокот помеѓу вицепремиерот и претставници на компаниите членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија (Бизнис Центар на Универзитетот на Југоисточна Европа).