Ве информираме дека на 10 мај 2018 година (четврток), Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на два настани.
Со почеток од 10:00 часот во хотел Холидеј Ин, вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на настан, „Презентација на работата на Кончар во Македонија“, додека со почеток од 11:00 часот вицепремиерот ќе присуствува на годишното собрание на Македонско – бугарската стопанска комора во хотелот Парк резиденс.
Покануваме претставници на медиумите да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев на двата настани.