Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на 17-ти и 18-ти мај ќе оствари службена посета во Република Бугарија каде што ќе учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.
На 17-ти мај во попладневните часови вицепремиерот Анѓушев, ќе учествува на настан во организација на Светскиот економски форум, додека на 18-ти мај во утринските часови ќе учествува на „Виенскиот економски форум“, настани кои ќе се одржуваат во Националниот дворец на културата во Софија.