1 јуни, 2018 година
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека Владата на Република Македонија, како никогаш досега е посветена на економски раст и развој, како и воспоставување и одржување на високо ниво на соработка со сите компании кои работат во Република Македонија. Резултатите на работата се покажуваат, а како пример Вицепремиерот го истакна податокот од Народна банка на Република Македонија за рекордно ниво на странски директни инвестиции во првиот квартал во 2018 година.
„Во првиот квартал на 2018 година, вкупните странски директни инвестиции изнесуваат над 235 милиони евра, што е повеќе од вкупниот износ на странски директни инвестиции во 2017 година и е највисок квартален износ од 2006 година. Со оглед на овој податок, паѓаат во вода сите инсинуации за пад на инвестициите и за економско замирање“, истакна вицепремиерот.