Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.
Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции го поттикна економскиот раст и развој на државата, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и развојот на пазарот на трудот преку поддршка на вработувањата.
Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија. Законот претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.
Законот за финансиска поддршка на инвестиции произлезе од „Планот за економски раст“, преку кои се спроведуваат првите два столба од истиот.
Собранието на Република Северна Македонија на 04.08.2021 година ги усвои измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Закон за изменување и дополнување на ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (Линк до Службен весник бр. 178/21)
Пречистениот текст на Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе можете да го преземете на слениот линк:
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на македонски јазик)
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на албански јазик)
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на англиски јазик)
Надлежни органи за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка се Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија. Па затоа:
- За инвестициски проекти НАДВОР ОД технолошко индустриски развојни зони деловните субјекти поднесуваат барања за користење на финансиска поддршка до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.
http://www.investinmacedonia.com/
- За инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони деловните субјекти поднесуваат барања за користење на финансиска поддршка до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.
На следниот линк можете да го најдете барањето за доделување на финансиска поддршка во кои се опишани сите пропратни документи кои заедно со барањето треба да се достават од страна на деловните субјекти:
БАРАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА - линк до барањето во Microsoft Office Word
- Рок за поднесување на барање за доделување на финансиска поддршка за 2021 година (склучување на нов договор): 16 август 2021
- Рок за поднесување на барање за склучување на анекс заради усогласување со новите одредби од Законот за финансиска поддршка на инвестиции (еднократно) и проширување на опсегот на финансиска поддршка: 16 август 2021 година
ПРВА фаза |
|||||
Поднесување на барање за користење на финансиска поддршка |
|||||
За инвестициски проекти НАДВОР од технолошко индустриски развојни зони |
За инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони |
||||
АСИПИ |
ДТИРЗ |
||||
Разгледување на барањето од страна на Комисијата за евалуација на барањата за финансиска поддршка за инвестиции формирана од Владата на РСМ |
|||||
Доколку деловниот субјект ги исполнува условите од ЗФПИ ↓ |
|||||
АСИПИ/ ДТИРЗ изработуваат Предлог договор за финансиска поддршка на инвестиции чии што одредби конечно го утврдуваат со деловниот субјект |
|||||
Владата на РСМ на седница носи одлука за склучување на договор |
|||||
Склучување на договор со компанијата, најдоцна до 15.10. во тековната година |
|||||
ВТОРА фаза |
|||||
Компаниите поднесуваат барање за исплата на средствата до АСИПИ или ТИРЗ до 15.11. во тековната година |
|||||
|
Калкулатор на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност
Среднорочна програма на Фондот за иновации и технолошки развој за период 2018-2020
Контакт:
ДТИРЗ- Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Бул. „Партизански Одреди“ бр. 2, 1000, Скопје http://fez.gov.mk/
Контакт тел : +389 (0)2 311 11 66
АСПИИ- Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, Ул. „Никола Вапцаров“ бр. 7,1000 ,Скопје http://www.investinmacedonia.com
Контакт тел: +389 (0)2 3169 100 , +389 (0)2 3100 111