Вицепремиерот Анѓушев и министерот Манечвски на министерски состанок во Виена

Почитувани,

Ве информираме дека заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, отпатуваа во Виена, Република Австрија, кадешто ќе учествуваат на работен состанок на министрите за економските ресори, активност во рамките на Петтиот Самит за Западен Балкан.

На денешниот состанок, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на сесија на која ќе се дискутира за регионалната економска област, а покрај вицепремиерот свое обраќање на оваа сесија ќе има и еврокомесарот Јоханес Хан, како и други министри од регионот.

Министерот Манчевски, ќе учествува на сесијата насловена „Колективни пристапи кон дигитализиран Западен Балкан“, кадешто ќе даде осврт на активностите кои Владата на Република Македонија ги спроведува во оваа насока.

Самитот за Западен Балкан, се организира во рамките на таканаречениот „Берлински процес“, инициран од Сојузна Република Германија, а поддржан од Обединетото Кралство, Француската Република, Република Австрија и Италијанската Република. За разлика од досегашниот концепт на еднодневна конференција, годинава официјалниот дел ќе се одвива во три дена – денес е Сесијата на Министрите за економија во Виена, на 9 јули – паралелни сесии на Министрите за надворешни работи и на Министрите за внатрешни работи, додека Претседателите на Влади се состануваат на 10 јули во Лондон.

Wednesday, July 4, 2018 - 10:45