Почитувани,
Ве информираме дека утре (на 11 јули), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија (Свечена сала), ќе се одржи свеченост на која официјално ќе се потпишуваат Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија (2018-2020) и Првиот проект имплементиран од ФАО за Република Македонија, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд
Потписници на договорите се Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во име на Владата на Република Македонија, додека во име на ФАО, потписник е Помошник генералниот директор на ФАО и одговорно лице за Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, Владимир Олегович Ракхманин.
Покануваме претставници на медиумите да ја проследат свеченоста и обраќањата на вицепремиерот Анѓушев, министерот Николовски и Помошник генералниот директор на ФАО Рахманин.
Влезот за претставниците на медиумите е преку Медиа центарот на Владата, од каде што лице од Кабинетот на ЗПВРМ ќе ги спроведе до Свечената сала.