Република Македонија
ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ
Потпроект: Кругот на адреналинот - развој на авантуристичкиот туризам во Крушево
Потпроект бр: LRCP-1/17-SG-1
Наслов на договорот: Градежни работи за реконструкција на спортска сала во Крушево
Референтен бр.: LRCP-1/17-SG-1-NCB/2
1. Општина Крушево доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија (aдминистриран од Светска банка) и има намера дел од добиените средства од овој подгрант да ги искористи за плаќања по договор за: Градежни работи за реконструкција на спортска сала во Крушево.
2. Кабинетот на Заменик Претседателот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори/Општина Крушевообјавува покана за доставување на запечатени понуди од прифатливи понудувачи за реконструкција на спортска сала во Крушево.
3. Процесот на понудување ќе се спроведе согласно методот “Национално јавно наддавање” согласно Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011 година, ревидирано јули 2014 година („Упатства за набавки“) и е отворен за сите прифатливи понудувачи како што е наведено во Упатствата за набавки. Исто така, погледнете ги параграфите 1.6 и 1.7 за политиката на Светска банка за судир на интереси.
4. Заинтересираните прифатливи понудувачи можат да добијат дополнителни информации од Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност во текот на работното времеод09:00 до 15:30 часотна адресата дадена подолу.
5. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу. Електронско наддавање нема да биде дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат јавно отворени во присуство на назначени претставници на понудувачите и сите што ќе изберат да присуствуваат на адресата дадена подолуво 24.08.2018 во 10:00 часот.
6. Сите понуди мора да бидат придружени со Гаранција за понуда во износ МКД 505.000.
7. Адреса за контакт и доставување на понудите е:
Единица за спроведување на проектот
„Проект за локална и регионална конкурентност“
Адресирано до: Ивана Наумовска
ул. Мирослав Крлежа бр.60/1
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: +389 2 3280 457
E-пошта: ivana.naumovska@lrcp.org.mk
Веб страница: www.lrcp.mk
Целокупната тендерска документација можете да ја најдете на следниов линк.