Почитувани,
Ве информираме дека утре, на 19 септември (среда) Заменик претседалот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев ќе учествува на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во НАТО и ЕУ“, во организација на Стопанската комора на Македонија, која ќе започне во 13:00 часот, а ќе се одржи во свечената сала на Правниот факултет (стар ректорат) при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, спроти зградата на Oпштината во Штип .
Покануваме претставници на медиумите да присуствуваат на трибината и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.