Продолжување на огласот за експерти за проектот "Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам во врска со Зелениот климатски фонд"

Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори како Национален овластен орган за Зелениот климатски фонд во рамките на Програмата за национална подготвеност која финансиски е поддржана од самиот Фонд, а во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) како главен партнер за имплементација, го спроведуваат проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам во врска со Зелениот климатски фонд”.

Во насока на успешна реализација на предвидените цели и активности на Проектот, го ре-објавуваме јавниот повик за четири експертски позиции, кои би работеле под водство на меѓународни експерти од ФАО  и во тесна соработка со Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и ФАО упатуваат јавна покана до сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите објавени подолу да ја достават соодветната документација согласно јавниот повик. Заинтересираните кандидати потребно е да достават професионална биографија - CV и мотивационо писмо, (исклучиво на англиски јазик) со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.

Крајниот рок за поднесување на документите за апликација е најдоцна до 02-ри октомври, 2018-та година, пред 12:00 часот Централно европско време (CET).

Повикот, начинот на аликација и детален опис за секоја од позиициите се објавени во документите во продолжение:

Детален опис на задачите за консултантските услуги кои се бараат се објавени на веб страната на Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори (http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk- во полето за Огласи).

English
Огласи: