Вицепремиерот Анѓушев одржа средба со синдикатот на Еурокомпозит 11 Октомври– на 15 октомври ќе се разгледуваат измените на законот за материјално обезбедување на невработени лица, еурокомпозит ќе влезе во преструктуирање

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп“ и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство при што и ги информираше дека на 15 октомври, Собранието на Република Македонија на дневен ред ќе го разгледа Предлог законот за измена на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Со овој Закон ќе се уреди можноста за остварување  на материјално обезбедување на вработените во комбинатот, на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок. 

Владата, во кус временски период, како што беше најавувано изминатиов период, ќе пристапи кон обезбедување на стратешки партнер, во постапка согласно Законот за стечај и реорганизација на претријатието во стечај, со цел трајно решавање на состојбите во „Еурокомпозит 11 Октомври“ и продолжување на функционирањето на компанијата во согласност со принципите на пазарното работење.
 
Владата на Република Македонија е целосно посветена на решавање на состојбите во Еурокомпозит 11 Октомври АД Прилеп, пришто се имаат во предвид интересите на вработените во комбинатот и јавниот интерес во компанијата.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: