РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДИМЧЕ АРСОВСКИ ОДРЖАНА НА 9-ТИ ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА

Почитувани,

Во врска со прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одржана на 9-ти октомври 2018 година, на која се изнесени низа на невистини и шпекулации поврзани со заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, а во врска со продажбата на компанијата Energy Delivery Solution (EDS), сметаме дека јавноста треба повторно да ја слушне вистината.

Вицепремиерот Анѓушев, почитувајќи го јавниот интерес, потполно транспарентно изврши продажба на приватна компанија, изградена од нула, која успешно функционира со години во 9 земји и притоа јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена. Воедно, би сакале повторно да ја информираме јавноста и да го потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека пред да биде извршена продажбата на компанијата три реномирани меѓународни ревизорски куќи (Ernst & Young,  Baker Tilly, Grant Thornton), извршија ревизија на работата на компанијата, по што беше формирана цената за продажба. 

Сите коментари за продажба на EDS, што се врзуваат во политички контекст се апсолутно неосновани и неточни. Крајно несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, која се смета за сериозна партија, да се повикува на непотврдени и неофицијални информации од извори, кои притоа и не ги именува, истите да ги претставува како факти и со таква леснотија да изнесува невистини и шпекулации пришто е очигледен обидот да се наруши личниот углед на вицепремиерот, но и на компанијата.

Поради изнесените лаги и обидот за нарушување на угледот на вицепремиерот, ќе бидат преземени сите правни механизми, вклучувајќи и евентуална судска заштита, во насока на зачувување на личноста и интегритетот на потпретседателот на Владата.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: