Средба помеѓу Вицепремиерот Анѓушев и новиот амбасадор на Полска Тјицињски – Поддршка од Полска за евро-атлантските интеграции и посилна меѓусебна економска соработка

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари иницијална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска Н.Е. г-дин Војчех Тјицињски.

На состанокот се разговараше за меѓусебната соработка помеѓу двете земји, при што се потенцираше поддршката од Република Полска за евро-атлантските процеси на Република Македонија, како и за економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот ги презентираше економските политики на Владата, при што истакна дека Владата дава силна поддршка за економски раст и развој на државата, преку мерки со кои се стимулираат нови инвестиции за технолошки развој и повисока конкурентност на македонските компании.

Тој нагласи дека за првпат во буџетот оваа година се обезбедени околу 30 милиони евра за поддршка на стопанството, и за домашни и за странски компании, преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, пришто додаде дека наредната година овој износ ќе биде и повисок. 

Владата на Република Македонија е посветена на членството во НАТО и ЕУ, со што ќе се обезбеди сигурност и стабилност на државата.  Се спроведуваат реформи и во правосудството, за повисоко ниво на владеењето на правото, кое е многу важно за инвеститорите, а мерките се дополнителен стимул за нови инвестиции и технолошки развој на компаниите преку кои очекуваме отворање на нови работни места со повисоки плати, повисоко ниво на продуктивности и поголем извоз на македонските продукти со повисока додадена вредност. Странските инвеститори може да очекуваат стабилна клима за инвестиции,  финансиска поддршка и потполна соработка од страна на Владата, подвлече Анѓушев.

На средбата соговорниците се согласија дека постои голем потенцијал за зголемување на економската соработка помеѓу двете земји. 
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: