Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increase Market Employability)

Програмата за зголемување на пазарната вработливост има за цел зајакнување на бизнис- секторот во Македонија, подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат, проширување на пазарите и создавање поповолна бизнис средина во три избрани сектори: туризам, креативна индустрија и зелена (еколошка) економија. Главни цели на активностите на ИМЕ Програмата се зголемување на приходите на мажите и на жените, а особено на младите, преку зголемување на конкурентноста на малите бизниси во клучните сектори и кај земјоделците. Фокусот е ставен на обезбедување одржливи системски промени кои ќе овозможат пристап до пазарите, генерирање на приходи и усвојување на системска динамика на среден и долг рок. Очекуваните клучни резултати од програмата се креирање на повеќе од 2.000 работни места, со посебно внимание на можностите за вработување на младите и жените и зголемување на нето- приходите на повеќе од 1000 компании за 1.5 милиони евра во период од 4 години. Зголемување на пазарната вработливост е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а се спроведува од страна на Swisscontact и локалниот партнер PREDA Plus, во периодот од 2015 до 2019 година, со буџет во вредност од 6.25 милиони швајцарски франци.

English