Утре (сабота, 26.01.2019) во големата сала на општина Велес во 11:00 часот ќе се одржи првата трибина од оваа серија на активности на којашто граѓаните и претставниците на компаниите од Велес ќе дебатираат со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.
Трибините со граѓаните „Силна економија - шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.