Вицепремиерот Aнѓушев и директорот Mладеновски во увид на градежни работи во ТИРЗ Скопје 1 и 2 – седумнаесет странски инвестиции се во фаза на реализација

29 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски, денес ги посетија зоните во Бунарџик и извршија увид во градежните работи на компанијата Дура Аутомотив во ТИРЗ Скопје 2. 

По извршениот увид на градењето на производствениот капацитет на Дура, кој ќе се простира на околу 18.000 метри квадратни метри и каде се очекува да се вработат околу 500 лица, вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека ова е само еден од вкупно 17-те инвестициски проекти, кои во различни фази се спроведуваат од странски компании, од почетокот на мандатот на Владата.

„Преходно во овие две индустриски зони (ТИРЗ Скопје 1 и 2) работеа 10 компании, а во моментов само тука имаме 12 нови странски инвестиции кои се реализираат. Зоната е едно големо градилиште, само тука се градат 12 нови објекти и дополнително се реализираат 5 други проекти на странски инвеститори, чијашто вредност е околу 155 милиони евра. Во првата фаза овие компании вработуваат околу 1100 лица, а согласно нивните бизнис планови вкупниот број на новоотворени работни места треба да достигне над 4.300“, потенцираше Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека странските компании ги препознаваат можностите кои Владата ги нуди преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и сите нови компании ќе ги користат мерките согласно Законот, а додаде дека и околу 250 македонски компании во 2018 година добија државна поддршка преку мерките од Планот за економски раст. Тој објави една од новите четири инвестиции за кои заедно со премиерот Заев изјавија дека донеле одлука за инвестиција во Македонија.

„Новата странска инвестиција, дванаесетта во оваа зона или вкупно седумнаесетта, е индиската компанија Малхотра, којашто е во конзурциум со уште една компанија од Јапонија. Станува збор за значителна инвестиција од автомобилската индустрија која ќе произведува суровини за кабли за други компании“, нагласи Анѓушев.

Директорот на ДТИРЗ Младеновски подвлече дека извозот на компаниите од зоните во 2018 бележи пораст од околу 20% и достигна 2,4 милијарди евра. 

„Компаниите во зоните растат и новите и постоечките. Тоа се должи и на посветената работа на Дирекцијата за зајакнување на инфраструктурата во ТИР зоните. Се доградува зоната ТИРЗ Скопје 2 со дополнителни 140 илјади квадратни метри, а се проектира и ТИРЗ Скопје 3. Сериозен напредок има во изградбата на клучката за ТИРЗ Прилеп, водоводната мрежа и канализациската мрежа во таа зона се пред завршување. Сите овие работи воопшто не постојеа во таа зона. Работиме на гасификација на ТИРЗ Штип, се заврши водоводот во ТИРЗ Струмица, а ќе започнеме и со градба на терминалот во зоната. Клучката за пристапување кон ТИРЗ Струга е во напредна фаза исто така, водоводната мрежа е ставена во функција, додека во ТИРЗ Кичево се работи на изградба на внатрешната инфраструктура, со што ќе се заокружат постоечките зони и ќе се пристапки кон изградба на ТИРЗ Скопје 3“, потенцираше Младеновски.

 

Линк до изјавите на вицепремиерот Анѓушев и директорот Младеновски: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: