Вицепремиерот Анѓушев присуствуваше на 97-та годишнина на Стопанска комора на Македонија

18 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на изјавите за медиумите по свеченоста на која беше одбележена 97-та годишнина на Стопанската комора на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека Владата на Република Северна Македонија направи квантен скок со донесување на новиот Закон за енергетика, кога станува збор за спроведување на реформите во енергетскиот сектор.

„Доколку внимателно се слуша изјавата на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Јанез Копач и се прочита соопштението објавено на нивната веб страница, ќе може да се видат многу пофални зборови за активностите кои Владата ги спроведува во енергетиката, односно нашата земја се препознава како лидер во спроведување на реформи во енергетскиот сектор во регионот“, нагласи Анѓушев.

Вицепремиерот нагласи дека Министерството за финансии во моментов работи на донесување на подзаконски акт со кое ќе се изнајде соодветно решение за складирање на нафтените резерви во резервоари на приватните субјекти, а се работи и на донесување на други подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за енергетика, при што потенцираше дека за Владата е многу поважно овие акти да бидат квалитетно изработени, отколку да бидат донесени побрзо.

Подзаконските акти кои што имаат вистински импакт врз енергетскиот развој на земјата, како што се Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија и Правилникот за обновливи извори на енергија, се веќе донесени или во финална фаза на донесување од страна на Министерството за економија. 

„Јавниот повик за фотоволтаици со премиум тарифи, работен заедно со ЕБОР, ќе биде објавен до крајот на март оваа година, со што ќе се овозможи изградба фотоволтаични централи и надржавно и на приватно земјиште, доколку тоа некој го има планирано. Дополнително се ослободува простор и за изградба на централи од биомаса и ветерни електрани, што е голем исчекор во енергетиката по долгогодишен застој во овој сектор. Распишан е и јавен повик за 22 мали хидроелектрани, со што практично се изцрпува можноста за мали хидроелектрани, бидејќи тие може да се градат во толкав број колку има  природни ресурси“, дополни Анѓушев.

Вицепремиерот на новинарско прашање подвлече дека платите во Република Северна Македонија ќе продолжат да растат, но не само како резултат на зголемување на минималната плата во државата. 

„Платите во државата ќе растат како резултат на реалните состојби во Република Северна Македонија. Тие не растат само поради зголемување на минималната плата, туку како резултат на притисок од три аспекта. Се отвораат нови работни места, само во изминатат година имаме 18 нови странски инвестиции, во кои се отвораат околу 4500 нови работни места, домашните компании инвестираа исто така и создаваат работни места, а има и луѓе кои се иселуваат. На тој начин се јавува недостаток на квлаитетна работна сила и платите имаат интенција на раст“, заврши Анѓушев. 

 

Линк до видео од изјавата и одговорите на прашања од медиумите на вицепремиерот Анѓушев: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: