Нискоемисиони развојни стратегии НЕРС (Low emission development strategies - LEDS)

Целта на НЕРС е да ги поддржи и подобрува развојните програми, планови и мерки кои се дел од стратешките документи од областа на енергетиката, при тоа да се надгради институционалниот капацитет со цел квалитетна подготовка и имплементација на стратешките и планските документи од областа на енергетиката, а во исто време соодветно да се справи со климатските промени. Во рамките на овој проект, се унифицираше системот на подготовка на Енергетискиот биланс по ЕУРОСТАТ методологијата, со што се подобрува системот на подготовка на Енергетскиот биланс, а во исто време се изврши измена и дополнување на регулативата од енергетската статистика со цел подобрување на податоците.

English