Инвестиции во чиста енергија

Проектот за инвестиции во чиста енергија се надоврзува на тековните активности за Проектот НЕРС (LEDS) - ниско-емисиони развојни стратегии  - НЕРС.  Проектот за инвестиции во чиста енергија е тригодишен проект, кој започна во април 2013 и е насочен кон поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија.  Главната цел е унапредување на економскиот развој, зголемување на инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, намалување на вкупната потрошувачка на енергија, подобрување на управувањето со животната средина и редукција на стакленички гасови.
Во рамките на проектот – Инвестиции во чиста енергија предвидени се 2(две) компоненти:

  • Компонента 1 - Поедноставување на постапката за инвестирање во обновливи извори на енергија (ОИЕ)
  • Компонента 2 - Воспоставување на ниско емисиони развојни процеси
English