18 април 2019
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија.
Преку овој систем за водоснабдување и бунарите денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода околу 16.000 жители од гевгелискиот регион.
Во рамки на увидот на бунарите и системот за водоснабдување градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето и присуството на арсен во водата за пиење, сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година и е основа за изградба на целосно нов систем за водоснабдување кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода.
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика да ги посетат просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.
Линк до видео инсерти:
Линк до изјава на ПВРСМ,Зоран Заев
Линк до изјава на ЗПВРСМ, д-р Кочо Анѓушев