Вицепремиерот Анѓушев на Панел дискусија „Бизнис и дипломатија“ – има сериозен простор за напредок и подобрување во сегментот на дипломатијата

15 мај 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев учестувуваше на Панел дискусија на тема „ Бизнис и дипломатија“, организирана од Меѓународен балкански универзитет. 

 Пред студентите  и присустните на Универзитетот, за пристапот на Владата кон странските инвестиции, Вицепремиерот  истакна дека  бизнис дипломатијата е значаен канал и претставува битен елемент кон целокупниот моедл за  воспоставување на одржлив економскиот раст и  развој. 

„Нашата дипломатија пред сè треба да биде ориентирана кон бизнисот. Ќе ги разгледаме сите аспекти во тој дел бидејќи нашата економија мора да биде отворена, како и што е случај со секоја мала земја.  Ако зборуваме пред сè за индустрија, таа мора да биде извозно ориентирана и тука мислам дека бизнис дипломатијата треба да си го заземе своето место“. изјави Анѓушев,

Вицепремиерот нагласи дека во Северна Македонија постои сериозен простор за напредок и за подобрување во овој сегмент, како и дека е значајно токму овој тип на  панел дискусии каде младите луѓе имаат можност да дебатираат, да се слушне нивното мислење, особено затоа што има што да се научи и од нив. 

Линк до видео од изјавата на ЗПВРСМ д-р Анѓушев:  

English
АКТУЕЛНОСТИ: