11 јуни 2019
За време на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот на Владата на Чешката Република, Н.Е. г. Андреј Бабиш, на работен појадок се сретна со економскиот тим на Владата, предводен од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, кој беше заедно со министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, м-р Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Фокусот на средбата беа економските прашања, како и поддршката од Чешката Република на нашата земја за евро-атлантските интеграции.
Зборувајќи за теквната економска сорабока помеѓу свете земји, вицепремиерот Анѓушев нагласи дека постои огромен простор за интензивирање на соработката, со оглед на тоа дека Чешка е 22-ри трговски партнер на нашата земја.
„Преку мерките во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата обезедува голема поддршка на домашните и странските компании да основаат нови производствени процеси или да ги унапредат постоечките, со што ќе се подигне нивото на технолошки развој и ќе се отворат нови работни места. Тоа е можност и за заинтересирани чешки компании да дојдат да инвестираат во Северна Македонија. Чешката фабрика за шински возила Локо Транс веќе најави своја инвестиција во Скопје и тоа е еден чекор напред во интензивирање на меѓусебната соработка. Воедно постои голем простор за соработка во земјоделството, кадешто би можеле да ја интензивираме соработката и во однос на примарното производство и во преработувачката индустрија, но и во меѓусебната размена. Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на нови производствени капацитетите од обновливи извори, што е уште една можност за инвестиции од страна на чешки компании“, нагласи Анѓушев, при што ги информираше гостите од Чешка дека е распишан јавен оглас за фотонапонски централи со инсталирана моќност од 35 мегавати на принцп на Премиум.
Министерот Бектеши потсети дека пред два месеци, во Скопје се одржа бизнис форум и средби помеѓу компаниите Чешка и Северна Македонија, на кој се воспоставени меѓусебни контакти, што е добар сигнал дека економската соработка ќе се развива во позитивна насока.
„За да се воспостави посилна економска соработка и да се зголеми трговската размена, компаниите од двете земји мора поинтензивно да комуницираат и воспоставуваат соработка. Владите од двете земји во април веќе иницираа и организираа бизнис форум, за да ги поттикнеме компаниите на соработка. Иницијалните контакти помеѓу компаниите се направени, се надеваме дека има взаемен интерес да се подобрува трговската размена помеѓу двете земји“, рече Бектеши.
Премиерот Андреј Бабиш ја искажа силната поддршка од страна на Чешката Република за евроатлантските интеграции на земјата и за политичките процеси кои ги спроведува нашата Влада. Тој ги пренесе чешките искуства во евро-интегративниот процес, а со економскиот тим на Владата зборуваа и за тековните предизвици во областа на земјоделството, енергетиката, како и за надминување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, како еден од предизвиците со кои се соочуваат речиси сите земји во Европа.
Линк до видео со инсерти: