3 септември 2019
Во рамките на подготовките и во очекување на датумот за преговори со Европската Унија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување на земјата во Унијата.
Комитетот за преговори со кој претседава Премиерот Зоран Заев е највисоко работно тело на Владата за координација на процесот на пристапни преговори ги разгледува и утврдува предлог-преговарачките позиции, расправа и зазема став по најважните прашања кои произлегуваат од преговорите.
Комитетот ја утврдува динамиката на преговорите, роковите за хармонизација на законодавството и изворите на потребните финансиски средства за исполнување на преземените обврски во текот на преговорите.
На денешниот прв состанок, беше поздравена иницијативата и беа дадени насоки за разработување на моделот на вклучување на граѓанските организации во процесот на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.
Премиерот Зоран Заев кој е на чело на ова тело ја истакна потребата од брза реакција на сите кои ќе бидат вклучени во процесот во една од најзначајните фази за нашата држава.
Линк до видео со инсерти од настанот: