Вицепремиерот Анѓушев се сретна со новиот амбасадор на Кралството Холандија Јан Коп

03 октомври 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија, Н.Е. г. Дирк Јан Коп, со кого разговараа за тековните економски состојби во Северна Македонија, како и за соработката помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Анѓушев се заблагодари за поддршката од Кралството Холандија во процесот на стекнување на полноправно членство во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ и потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија спроведува низа на реформи, особено за економски просперитет и подобар живот на граѓаните во земјата.

„Стабилноста на земјата е особено важен предуслов за побрз и одржлив економски развој. Полноправното членство во НАТО и започнување на преговори за членство со Европската Унија за граѓаните ќе значи дека ЕУ ги препознава реформите кои ги спороведуваме и дека сме на вистинскиот пат. Во истовреме тоа е сигнал за идниот инвестициски циклус што го очекуваме да продолжи од домашните и странските инвеститори. Имаме многу направено во полето на владеење на правото, со носење на закони усогласени со европската регулатива, кои овозможуваат силна поддршка на компаниите и поддржуваат технолошки развој и воведување на иновации за повисока конкурентност на македонското стопанство“, појасни Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека економијата е поставена на стабилни основи, сите економски параметри бележат раст, а Владата посветено работи на уште позасилен економски развој и овозможување на подобар живот на граѓаните.

„Бруто домашниот производ бележи позитивни стапки на раст од над 3%веќе пет квартали, а започнавме со -1,8%. Растот на БДП е резултат на работата на реалната економија: растат индустријата и земјоделството, градежништвото е вратено на нормален колосек, а во пораст е и трговијата. Околу 30 нови проекти на странски инвеститори се започнати изминативе две години, а со владини мерки само во 2018 година поддржани се над 250 домашни и странски компании, што е несомнено рекорден голем број на компании. Невработеноста опаѓа, во последните две години е намалена за над 5%, со отворање на нови над 54 илјади работни места, а просечната нето плата бележи ефективен раст од над 10% за изминатиов период“ , посочи Вицепремиерот Анѓушев.

Холандскиот амбасадор Јан Коп и вицепремиерот се согласија дека најголем предизвик на Република Северна Македонија, но и на останатите земји во регионот на Западен Балкан, во периодот кој следи ќе биде усогласување на побарувачката и понудата на пазарот на трудот. Тоа претпоставува реформа на образовните системи не само во нашата земја, туку и во другите земји од регионот, со кој учениците уште од средно образование ќе добијат можност преку практична и платена работа за време на школувањето да добиваат соодветни вештини, знаења  искуство, за да по заввршување на образованито најдат подобро платени и квалитетни работни места.

English
АКТУЕЛНОСТИ: