Евроатланските аспирации на Северна Македонија во фокус на дебатите во рамките на „Охридскиот дијалог“

25 октомври 2019


Стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните инапредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот продолжува и попладнево во Охрид во присуство на потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, министерот заинформатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот заекономија Крешник Бектеши, посебниот советник на премиерот Заев и Главен технички преговарач за ЕУ, Бојан Маричиќ, како и голем дел на дипломати од НАТО и ЕУ.

Темите на дискусиите се насочени кон евроатланските аспирации на Република Северна Македонија, како и кон стратегијата за реформи кои ги презема Владата во оваа насока. 

Дискутантите се сложија дека евроатланските интеграции обезбедуваат сигурност за домашните бизниси и стремат кон групирање на своите капитали и ресурси. Конечната цел на ваквиот тренд треба да биде лесна адаптација и брза интеграција во тековните бизнис процеси во кои се вклучени членките на НАТО и на ЕУ. 

Отвореноста на европскиот пазар, како и безбедносните гаранции кои ги нуди членството во НАТО овозможуваат формирање на нови бизнис идеи, како и создавање на нови работни места посебно за младата популација. На оваа тема беше дискутирано и за мигрантските трендови помеѓу младите луѓе, кои не се загрижувачки тренд само во Северна Македонија туку и во целајугоисточна Европа.  

Имајќи ги овие индикатори предвид потребно е развивање на сеопфатна стратегија која би ги задржала младите луѓе во нивните татковини преку отворање на горе споменатите перспективи што е можно побргу. 

Охридскиот дијалог кој е воорганизација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет, продолжува во текот на целиот викенд.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: