Премиерот Заев претседаваше со состанокот на работната група за изработка на „Стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации за Република Северна Македонија“

5 декември 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за образование и наука Арбер Адеми, беа домаќини на високата делегација од Генералниот директорат на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија (DG JRC).

Владата на Република Северна Македонија, согласно потпишаниот документ во Трст во 2017 година, од страна на премиерите на Западен Балкан, во јануари 2018 година донесе одлука за започнување на процесот за изработка на „Стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации за Република Северна Македонија“. 

Со оваа одлука Владата, поддржувајќи го концептот на ЕУ за Паметна специјализација, се приклучи кон иницијативата на Европската Унија за иден економски развој и трансформација на регионите базиран на домашни истражувачки и иновативни потенцијали, знаење и технолошки развој, како главни двигатели на конкурентноста на регионална и глобална сцена.

Стратегијата за паметна специјализација е главен услов за користење на европските фондови, како и задолжителен предуслов за користење на структурните фондови. 

Во основата на паметната специјализација е детектирање на клучни области, активности и технологии во кои земјата остварува компаративни предности, а за кои истражувањето и иновациите се клучен фактор за зајакнување на економијата и конкурентноста на глобалниот пазар. Во таа насока, работна група и експертски тим во соработка со странски експерт, изработија мапирање на економските, научните и иновативни потенцијали на земјата, кој финансиски го подржаа ЕУ и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
 
Стратегијата за паметна специјализација преку дефинирање на областите и секторите ќе овозможи насочено вложување од страна на државата, науката (истражување и развој) и бизнисот, како и развивање на капацитети и потенцијали за создавање повисока додадена вредност, иновации, проширување на пазарот-интернационализација, вмрежување, развој на бренд и препознатливост. 

 

Линк до видео од настанот:

 

English
АКТУЕЛНОСТИ: