Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија д-р Стефан Холтхоф Пфортнер

13 декември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија д-р Стефан Холтхоф Пфортнер, кој реализираше дводневна посета на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека Сојузна Република Германија е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичките и реформските процеси кои се случуваат во Република Северна Македонија, како и најзначаен трговски партнер на нашата земја.  Тој додаде дека членството во НАТО и добивањето на датум за отворање на преговори со ЕУ, се многу важни за земјата, пред се затоа што се тоа реформски процеси со кои се обезбедува повисоко ниво на владеење на правото, како и стабилност на земјата. Економски раст и развој не е возможен без владеењето на правото и стабилна и сигурна држава, а токму во таа насока Владата продолжува со евро-атлантските интегративни процеси и со спорведувањето на реформи во сите области. Вицепремиерот Анѓушев воедно ги презентираше и резултатите во економијата, во однос на спроведените економски политики, при што истакна дека економските ндикатори во изминатите две и пол години се на многу повисоко ниво во однос на периоди претходно.

„Изминатите две и пол години, паралелно со политичките процеси, бевме фокусирани и на креирање и имплементација на економски политики, со кои ќе обезбедиме побрз  и одржлив раст на економијата. Политиките се поставени на здрави основи и се базирани на поддршка на реалната економија. Како резултат на тоа сите економски индикатори бележат позитивни стапки на раст. Расте бруто домашниот производ, во 2019 бележиме раст од 3,6%, што е значителен ако се знае дека само пред 8 квартали економијата беше во негатива. Расте извозот, индустриското производство, просечните плати, а паралално се намалува невработеноста. Само со поддршка на реалната економија, економијата ќе продолжи да расте, а тоа ќе влијае и на подигнување на животниот стадард на граѓаните“, потенцира Анѓушев.

Министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија д-р Стефан Холтхоф Пфортнер, кажа дека СР Германија ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија и дека со недонесената одлука за добивање на датум за започнување на преговори е направена историска неправда, којашто се надева дека ќе биде поправена во најскоро време. 

Храбрите одлуки во изминатите две години, спроведените реформи и надминати предизвици се прашања од стратешко значење за иднината на државата и за граѓаните во Република Северна Македонија, заклучија вицепремиерот Анѓушев и министерот Пфортнер.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: